fbpx

Мерките за доверба и „новите преговори“ со Македонија ја разбрануваа Атина

Предлогот за мерки за градење доверба и „нови“ преговори меѓу Скопје и Атина ги разбрануваа духовите во грчката опозиција. Поранешниот европратеник и актуелен пратеник на Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, ја става под знак прашалник потребата и поентата на мерките за градење доверба меѓу Македонија и...

Величковски: Побргу до влада со политички капацитет

Либералната партија организираше трибина на тема „Кризата бара решение“, на која говореа Ивон Величковски, Јове Кекеновски, Мерсел Биљали и Исмет Рамадани. Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, вели дека понудиле платформа до сите политички партии за побргу да се дојде до влада со политички капацитет. -...

Луначек: Земјите од ЕУ што не го признале Косово, да го направат тоа

Европратеничката и известувачката на Европскиот парламент за Косово, Улрике Луначек, денеска побара визна либерализација за граѓаните на Косово и ги повика членките на ЕУ што не ја признале независноста на Косово за промена на политиката. Луначек ги повика Шпанија, Словачка, Романија, Грција и Кипар да ја признаат...

ММФ одобри помош за Украина

За помалку од една година, Меѓународниот монетарен фонд одобри помош за Украина. Советот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри четиригодишна програма за помош на Украина во вредност од 17,5 милијарди долари. Во изјавата на шефот на ММФ, Кристин Лагард, не се наведува висината...

Алексеј Навални пуштен од притвор

Истакнатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, денеска е пуштен од притвор во Москва, откако 15 дена мина во затвор поради делење рекламни летоци за протест планиран за 1 март. Ослободувањето на Навални доаѓа една недела по убиството на Борис Немцов. Протестот што го организираше Навални се претвори...

СДСМ: Која Гордана Јанкулоска зборуваше денеска?

Гордана Јанкулоска пред камерите имаше историска шанса да се извини на граѓаните и да си поднесе оставка, се вели во писмената реакција на СДСМ за денешната изјава на министерката за внатрешни работи, во која се додава дека „тоа би бил вистински “историски пресврт“ за...

Јанкулоска: Не коментирам креирани и незаконски прибавени материјали

Во своето прво појавување во јавноста откако лидерот на опозицијата почна да ги објавува снимките од „бомбата“, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, не сакаше да коментира делови од снимките, наведувајќи дека станува збор за „креирани материјали, кои се објавуваат на незаконски начин и...

ЛДП: Обвинителство да поведе истрага за работењето на битолскиот градоначалник

Обвинителството да поведе истрага за аудиоснимките на кои министерот Ставрески зборува за криминал во работењето на битолскиот градоначалник Владимир Талески, побара денеска опозициската Либерално-демократска партија (ЛДП) од Битола. Советникот на ЛДП, Александар Касапов, вели дека по зборовите на Ставрески дека во Битола е склучен „коруптивен...

Повеќе од 20 куќи во општина Новаци ќе се обесштетуваат од поплавите

Жителите на пелагониската општина Новаци поднеле дури 300 пријави за обесштетување на нивните земјоделски имоти. Од поплавите досега биле уништени 20 објекти, а една куќа е целосно под вода. Ова се бројките што ги сумирале комисиите за процена на штети во општина Новаци по последните поплави...

Исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ свртел кон Антарктикот

Авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“ летал уште неколку часа по прекинот на радиоконтактот и трипати свртувал, што наведува на заклучок дека некој во пилотската кабина намерно го пренасочил. Деталната анализа на сателитските податоци открива дека авионот трипати свртувал, двапати лево, кон запад, а потоа на...

Сирија: ИД киднапирала 90 христијани

Екстремистите од сунитското движење Исламска држава киднапирале најмалку 90 христијански верници од Асириската источна црква во североисточниот сириски град Тел Хмар, соопшти Сирискиот центар за човекови права. Киднапирањето е извршено за време на офанзивата на курдските сили  против ИД на североистокот на Сирија.

Бангладеш: 68 загинати во бродолом

Бројот на загинатите во бродоломот што се случи по судир меѓу траект и товарен брод на реката Падма во централен Бангладеш се искачи на 68, пишува весникот „Дејли стар“. Повикувајќи се на изјави на очевидци, весникот пишува дека досега се извлечени 41 тело. Меѓу 80 и 90...

Во тек е дебатата на МОН и на „Студентски пленум“

Во Ректоратот на УКИМ, во тек е средбата меѓу претставници на Владата и на „Студентски пленум“. Засега нема никакви информации, а од пленумот информации околу нивниот став најавуваат за вечерва или за утре. И Зоран Ставрески присуствува на средбата. #ПоздравПленумци pic.twitter.com/ufhfr7z4LG — Fakulteti/Факултети (@fakulteti) February 19,...

Тотенхем го сака Љоренте

Фудбалскиот тим Тотенхем сака летово во своите редови да го донесе играчот на Јувентус, Фернандо Љоренте, јавува шпанскиот весник „Aс“. „Ас“ наведува дека Тотенхем е само еден од клубовите кои чекаат конечна одлука од Љоренте за тоа дали сака да ја напушти Серија А. Сепак,...

Хјустон два месеца без Хауард

Центарот на Хјустон рокетс, Двајт Хауард, нема да игра во следните два месеца поради повреда на десното колено. Хауард истакна дека во моментов му е најважно да биде подготвен за почетокот на плејоф-натпреварот. Тој последниот меч го одигра на 23 јануари против Феникс, а во...

Штајнмаер: Самитот во Минск е неизвесен

Шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска во Брисел изјави дека е неизвесно дали в среда ќе се одржи самитот во Минск за ситуацијата во источниот дел на Украина. - Се надеваме дека сите отворени прашања ќе бидат решени, но уште не е ништо сигурно...

Уапсен првоосомничениот во случајот „Чекан“

Гостиварецот Ф.А., осомничен како организатор на криминалната група што беше разбиена во полициската акција „Чекан“, по речиси двомесечно бегство од органите на прогонот, денеска бил уапсен, потврдуваат од МВР. Неофицијално, првоосомничениот во „Чекан“ бил пронајден и уапсен во куќа во Гостивар, чии сопственици биле во странство. МВР,...

Ограбена црква во Струмичко

Ноќта меѓу вторникот и средата, непознат сторител провалил во католичката црква „Успение на Пресвета Богородица“, во струмичкото село Нова Маала, и украл околу 2.000 денари, информираат од полицијата. Крадецот, откако влегол во црквата, со погоден алат ги отворил заклучените дрвени фиоки од просторијата каде се...

Деветнаесетгодишник расечен со нож во тепачка

Деветнаесетгодишно момче било повредено со нож во тепачка меѓу две групи што вчеравечер се случила на булеварот Партизански одреди, информираат од МВР. Според полицијата, вчера, околу 18 часот, дошло до расправија, а потоа и до тепачка меѓу Е.М. (19) и неговиот врсник Љ.И. од една...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...