fbpx

Исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ свртел кон Антарктикот

-

Авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“ летал уште неколку часа по прекинот на радиоконтактот и трипати свртувал, што наведува на заклучок дека некој во пилотската кабина намерно го пренасочил.

Деталната анализа на сателитските податоци открива дека авионот трипати свртувал, двапати лево, кон запад, а потоа на југ, кон Антарктикот.

Според зборовите на Малком Бренер, водечки експерт за утврдување на причината за авионската несреќа, свртувањата „јасно наведуваат на заклучок“ дека некој во кабината намерно го пренасочил авионот.

Бренер својот став го изнел во новиот документарен филм кој следниот месец ќе биде прикажан на каналот „Нешнел џиографи“ и во кој тој, заедно со уште неколку негови колеги, се обидува да ја реши мистеријата на летот „МХ370“.
Австралискиот координатор на потрагата неодамна изјави дека исчезнатиот авион ќе биде најден во следните неколку месеци. Потрагата е продолжена во јужните делови на Индиски Океан и многу веројатно е дека остатоците во меѓувреме потонале. Се верува дека би можеле да се појават на брегот на Суматра, во Западна Индонезија.

Засега ништо не е пронајдено, иако досега се пребарани 22.000 квадратни километри од дното на океанот или 36 отсто од приоритетното подрачје.

Се претпоставува дека потрагата ќе биде завршена во мај доколку нема одложување поради бродови, опрема или временски услови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...