fbpx

СДСМ: Која Гордана Јанкулоска зборуваше денеска?

-

Гордана Јанкулоска пред камерите имаше историска шанса да се извини на граѓаните и да си поднесе оставка, се вели во писмената реакција на СДСМ за денешната изјава на министерката за внатрешни работи, во која се додава дека „тоа би бил вистински “историски пресврт“ за којшто денеска зборуваше со половина уста и дека таа можност и сè уште отворена“

„Која Гордана Јанкулоска денеска зборуваше: Јанкулоска која смета дека состојбата во државата е „идиотска“, а Груевски е „забеган“ бидејќи троши милиони евра за споменици и вкоричува книги со злато, додека полицајците се покриваат со ќебиња од ЈНА и се радуваат на плочки во тоалети? Или Јанкулоска која е принудена да гледа „историски пресврт“ за време на Владата на Никола Груевски? Или, можеби, Јанкулоска за која „идиотската“ состојба во државата е „историски пресврт“? Која од овие „Гордани“ најавува правна разврска?“, стои во писмената реакција од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.