fbpx

Во Шпанија уапсен поранешен украински министер за финансии

-

Шпанската полиција денеска го уапсила поранешниот украински министер за финансии, Јуриј Колобов, по кого властите во Киев распишаа меѓународна потерница под обвинение за проневера на пари и за финансиски малверзации, јавуваат медиумите.

Според информациите, 41-годишниот Колобов, кој функцијата министер за финансии ја извршуваше во времето на претседателот Виктор Јанукович, бил упасен во летувалиштето Алтеа, на источниот брег на Шпанија.

Интерпол на почетокот на оваа година ги стави Колобов, Јанукович и уште еден поранешен украински функционер на меѓународната листа на најбарани лица од властите во Киев.

Како што пренесуваат медиумите, поранешниот министер наскоро треба да биде изведен пред судија на шпанскиот суд, кој треба да донесе одлука дали тој ќе им биде испорачан на украинските власти.

Поранешниот претседател Виктор Јанукович, кој беше симнат од власт во февруари минатата година, живее во Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...