среда, 10 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Шпанија | 203 резултати

Шпанија и Португалија во мрак: Милиони погодени од најголемиот прекин на струја во последните години

28 април 2025

Масовен прекин на струја вчера го парализираше поголемиот дел од Шпанија и Португалија, запирајќи ги возовите, оневозможувајќи телефонски услуги и исклучувајќи семафори и банкомати за милиони граѓани на Пиринејскиот Полуостров, јави Асошиејтед прес. Шпанската компанија за дистрибуција на електрична енергија, Ред Електрика, соопшти дека целосното обновување на струјата би можело да трае меѓу шест и […]

Скопскиот аеродром од мај добива директни летови до Барселона и Лион

28 април 2025

Од 3-ти мај од Меѓународниот Аеродром Скопје авиокомпанијата Визер ја враќа редовната авиолинија до Барселона, а истовремено ќе воведе и директна авиолинија до Лион во Франција, најавија денеска ТАВ Македонија и Визер, на заедничка прес-конференција. Летови до Барселона од Меѓунарониот Аеродром Скопје ќе има два пати неделно, секој вторник и сабота, а до Лион, секој вторник, четврток и сабота. „Враќањето […]

Илјадници граѓани протестираа против станбената криза во Шпанија

6 април 2025

Десетици илјади лица излегоа на улиците во Шпанија на последниот протест против ценовните манипулации за домување на кој побараа пристап до домови по пристапни цени, јави Гардијан. Организаторите тврдат дека 150.000 лица се приклучиле на протестот во Мадрид, додека помали демонстрации се одржале во околу 40 градови низ земјата. Демонстрантите извикуваа „крај на станбениот рекет“ […]

Амбасадорот Адеми: Во Мадрид донесени седуммина повредени во Кочани

20 март 2025

Македонскиот амбасадор во Шпанија, Едмонд Адеми, објави на социјалните мрежи дека вечерва во Мардид пристигнале седуммина повредени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година во кој животот го загубија 59, а беа повредени на 190 лица. „Вечерва во Мадрид пристигнаа седум пациенти повредени во трагичниот настан во Кочани. Сместени […]

Уште 5.000 војници се ангажирани за справување со последиците од поплавите во Шпанија

2 ноември 2024

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, нареди најголемо воено распоредување во земјата досега, најавувајќи дека ќе бидат ангажирани уште 5.000 војници за да помогнат во справувањето со последиците од разорните поплави оваа недела, во кои загинаа најмалку 211 лица, објави Гардијан.  Говорејќи по претседавањето со состанокот на Комитетот за кризни поплави, Санчез рече дека владата ги […]

Се очекува повеќе дожд во Шпанија, илјадници без пристап до храна и вода

1 ноември 2024

Се очекува повеќе дожд во источна Шпанија, која сè уште се справува со катастрофалните последици на вчерашната поплава, која е најлошата поплава во државата со децении, пренесува Гардијан. Бројот на загинати се искачи на 158, додека бројот на исчезнати лица сè уште не е познат. Националната метеоролошка агенција АЕМЕТ предупреди дека има голем ризик од […]

(ФОТО) Пред и по поплавите кои ја зафатија Шпанија

31 октомври 2024

Шпанија продолжува да се соочува со катастрофалните последици на вчерашната поплава, која е најлошата поплава во државата со децении. Според шпанската новинска агенција „ЕФЕ“, најмалку 140 лица загинале, пренесува Гардијан. Обемот на поплавата може јасно да се види во горенаведениот колаж од Европската вселенска агенција (ЕВА), каде се споредува како изгледал регионот околу градот Валенсија […]

Бројот на жртви од поплавите во Шпанија се искачи на повеќе од 64

30 октомври 2024

Утрово беа утврдени околу 50 жртви во најсмртоносните поплави што ја погодија Шпанија во последните три децении во источниот регион на Валенсија, оставајќи ги патиштата и градовите под вода, а сега бројката се искачи на повеќе од 64, пренесе Реутерс. Спасувачите цела ноќ користеле гумени чамци, и работеле во мрак за да се справат со […]

Најмалку 51 лице загинаа во поплави во Шпанија

30 октомври 2024

Најмалку 51 лице загинаа во источните и јужните делови на Шпанија во поплавите предизвикани од обилните дождови, соопштија властите во земјата, а пренесе „Јуроњуз“. За исчезнати се водат неколку лица, а поплавите ги прекинаа железничките услуги. Неповолните временски услови се очекува да продолжат и во наредните денови. Воз со речиси 300 луѓе излетал од шините […]

Во Мадрид физички нападната српската амбасадорка Ирена Шарац

9 септември 2024

Во центарот на Мадрид, вчера млад човек физички ја нападнал амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Сарач, на улицата каде што живее, при што ѝ го повредил грбот. Шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ најостро го осуди инцидентот и побара од властите истрага и одговорност за овој, како што рече, безобразен инцидент и чин на […]

„Туристи одете си дома“: И протести и поддршка за туризмот во Шпанија

11 јули 2024

Веќе неколку викенди по ред илјадници луѓе од Шпанија излегуваат на улиците во Малага и Барселона, протестирајќи против активното зголемување на бројот на туристите во сите региони на Шпанија. Но, истовремено, истражувањата на јавното мислење покажуваат дека најголем дел од граѓаните ја поддржуваат промоцијата на туризмот. Се очекува бројот на посетители во Шпанија оваа година […]

Нискобуџетни компании казнети со 150 милиони евра оти дополнително наплатувале кабински багаж

1 јуни 2024

Шпанските власти ги казнија нискобуџетните авиокомпании, вклучувајќи ги EasyJet и Ryanair, со вкупно 150 милиони евра поради политиките кои вклучуваат дополнителни трошоци за кабински багаж, пренесе Н1. Во најголемата санкција издадена од Министерството за социјални права и потрошувачки прашања на шпанската влада, авиокомпаниите EasyJet, Ryanair, Vueling и Volotea биле казнети по истрагата започната минатото лето. […]

Ирска, Шпанија и Норвешка најавија признавање на Палестинска држава

22 мај 2024

Ирска, Шпанија и Норвешка денес соопштија дека следната недела официјално ќе признаат постоење на Палестинска држава, пишува Политико. Во ирскиот главен град Даблин, премиерот Сајмон Харис, рече дека Палестина го заслужува истото право да биде признаена како суверена држава што го добила Ирска по водењето на војната за независност од Велика Британија пред повеќе од […]

Шакира се договори со шпанските обвинители, избегнато судењето за даночна измама

20 ноември 2023

Колумбиската поп-ѕвезда Шакира постигна договор со шпанските обвинители за разрешување на случајот на даночна измама и тоа непосредно пред судењето на започне. Шакира пред судот во Барселона требаше да се соочи со обвиненија за даночна измама тешка 14,5 милиони евра. Пејачката платила казна од 7,5 милиони евра, додека обвинителите за неа бараа затворска казна од […]

По бакнежот со Хермосо, Луис Рубиалес суспендиран од фудбалот на три години

30 октомври 2023

Поранешниот претседател на шпанската фудбалска репрезентација Луис Рубиалес доби три години забрана од ФИФА за сите фудбалски активности, пишува Гардијан. Рубиалес предизвика скандал кога ја бакна во усни шпанската фудбалерка Џени Хермосо за време на церемонијата по финалето на Светското првенство за жени во август, во кое Шпанија ја победи Англија. Рубиалес првично се обиде […]

Шпанките за првпат го освоија Светското првенство во фудбал, совладувајќи ја Англија во финалето

20 август 2023

Шпанија ја порази Англија со 1-0 во финалето на Светското фудбалско првенство за жени, завршувајќи го турнирот кој собори рекорди во посетеност и телевизиска гледаност и кој ги зголеми надежите за зголемен интерес за женската игра. Домаќини на деветтиот по ред светски шампионат беа Австралија и Нов Зеланд, со што овој настан за првпат се […]

Шпанската министерка не отишла на конференција за климатски промени со приватен авион

31 јули 2023

Според демантот на шпанското Министерство за еколошка транзиција, со кое го раководи Тереса Рибера, таа на состанокот не патувала со авион, ниту комерцијален, ниту институционален. Странските медиуми објавија и видеоматеријали од доаѓањето на Рибера на конференцијата за климатски промени, на кои се гледа дека таа не се прекачила од автомобил на велосипед само 100 метри пред зградата […]

Парламентарните избори во Шпанија без јасен победник

24 јули 2023

Десничарската Народната партија (ПП) освои најмногу гласови на вчерашните избори во Шпанија со 33,1 отсто од гласовите, додека на второ место е Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) со 31,7 отсто од гласовите. На трето место се национал-конзервативците Вокс – со 12,4 отсто освоени гласови. Овие резултати укажуваат дека коалиција составена од конзервативната ПП и контроверзната […]

ЕУ праќа пожарникари во Грција, шумските пожари беснеат во близина на Атина

20 јули 2023

Противпожарните авиони и копнените екипи од повеќе земји на ЕУ денеска се упатија кон Грција за да помогнат во борбата со шумските пожари, кои се засилија поради топлотниот бран што зафати голем дел од јужна Европа, со температури над 40 Целзиусови степени, пренесе Екатимерини. Во средата беше наредена нова евакуација  во близина на Атина. Во […]

Нови претседателства на ЕУ, нови политички предизвици – сѐ помалку амбиции за Западниот Балкан

17 јули 2023

Овој јули не е само промоција на шпанското претседателство, туку и на новото трио – Шпанија, Белгија и Унгарија. Она што предизвика најмногу внимание не е програмата на триото, туку сѐ поголемата загриженост дали Унгарија, земја која континуирано го прекршува владеењето на правото, може да претседава со Унијата. Европскиот парламент во резолуција усвоена на крајот […]

Страна 1 од 10