fbpx

Исплатени 310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда

-

Државата денеска исплати 310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда. Министерството за финансии ги префрли средствата на сметките на 15.663 сточари.

Поддршката по обележано грло говедо изнесува 2.800 денари.

„Владата на Република Македонија продолжува со поддршката на земјоделството, како една од носечките гранки на македонското стопанство со поголем број мерки, во кои се вбројуваат и исплатата на субвенциите“, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ВМРО-ДПМНЕ: Заканите на ДУИ за дестабилизација нема да нè поколебаат

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение жестоко ги отфрла обвинувањата и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. „Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја...