fbpx
Таг: говеда

таг: говеда

Вистиномер: Смртта на говедата во Канзас нема никаква врска со некаков глобален проект за недостиг на храна

Со 2,4 милиони говеда, Канзас е трета по големина американска држава во однос на бројност на стадата. Минатата недела температурата нагло пораснала, а студените ветрови стивнале, што придонело животните да почнат да умираат, пишуваат американските медиуми. Така што, климатските промени се тие кои влијаат врз животот на луѓето и на добитокот, а не намерно запрашување или труење во рамките...

Наместо за производство на струја, стакленичките гасови од фармите од земјава завршуваат во атмосферата [инфографик]

На Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), 104 држави од светот се договорија да ги намалат емисиите на метан во атмосферата за најмалку 30 отсто до 2030 година. Овој гас се задржува во атмосферата многу пократко од јаглерод диоксидот, но потенцијалот на метанот да загрева е за 80 пати поголем од CO2 во период од 20 години....

Рокот за поднесување барања за субвенции за земјоделството истекува в петок

Рокот за поднесување барања за субвенции за земјоделството од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година истекува в петок, информира  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. До денеска, според податоците од подрачните единици на министерството, поднесени  се 66.126 барања. Најмногу барања има поднесено во подрачните единици во Кавадарци - 6.233, потоа во Струмица - 5.962 и во Куманово...

Жители на Кочанско: Се шири смрдеа од јамата со заболени говеда

Одвај закопани трупови на говеда заболени од јазлеста кожа шират смрдеа, што е неподнослива во попладневните и во вечерните часови, реагираат жители на кочанските села Кучичино и Чифлик. Жителите, кои имаат ниви близу локацијата каде се закопани заболените крави, тврдат дека кога подобро ќе се погледне во плитката дупка, можат да се видат и делови од телата на пцовисаните крави. -...

Набавени 50.000 вакцини за болеста „чвореста кожа“ кај говедата

Агенцијата за храна и ветеринарство обезбеди 50 илјади дози од вакцината против болеста „чвореста кожа“ кај говедата, за итна вакцинација на добитокот во 19 општини во источна и југоисточна Македонија. Со цел сузбивање и искоренување на болеста и намалување на ризикот од нејзино ширење, со вакцинацијата ќе бидат опфатени зоните под надзор и заштитните зони во општините каде има потврдени...

Сточарите од Малешевијата ги блокираа патиштата, бараат итни мерки за болеста кај добитокот

Сточарите од Малешевијата денеска излегоа на протест и ги блокираа патот Берово - Виница и патот Берово Пехчево, кај селата Мачево, односно Смојмирово. Тие бараат од надлежните власти да не се уништуваат грлата добиток заболени од јазлеста кожа и итно да се преземат превентивни мерки. Сточарите што денеска протестираа го изразија револтот од, како што рекоа, непостапувањето на надлежните институции по...

Исплатени 310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда

Државата денеска исплати 310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда. Министерството за финансии ги префрли средствата на сметките на 15.663 сточари. Поддршката по обележано грло говедо изнесува 2.800 денари. „Владата на Република Македонија продолжува со поддршката на земјоделството, како една од носечките гранки на македонското стопанство со поголем број мерки, во кои се вбројуваат и исплатата на субвенциите“, се наведува...

Истепал жена зашто нејзините говеда паселе на негова нива

Откако претходно почнал расправија со жена поради напасување добиток, прилепчанец, на возраст од 55 години, на 20 септември, околу 15 часот, во месноста Под црква во атарот на селото Крушевица, Прилепско, со стап ја нападнал, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. МВР соопшти дека против прилепчанецот е покрената кривична пријава.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...