fbpx

ЛДП: Обвинителство да поведе истрага за работењето на битолскиот градоначалник

-

Обвинителството да поведе истрага за аудиоснимките на кои министерот Ставрески зборува за криминал во работењето на битолскиот градоначалник Владимир Талески, побара денеска опозициската Либерално-демократска партија (ЛДП) од Битола.

Советникот на ЛДП, Александар Касапов, вели дека по зборовите на Ставрески дека во Битола е склучен „коруптивен договор до даска“ за бесплатниот превоз на учениците со превозникот „Транскоп“, јавноста од Талески најмалку што може да очекува е оставка.

– Од аудиоснимките можеше да се слушне како Ставрески вели дека во Битола за превоз на ученици е склучен договор со „Транскоп“ и тоа коруптивен до даска. Понатаму, тој покрај големиот број навреди изречени за Талески, исто така, за него вели дека „кај што е неспособен, уште и криминалец“. По сето ова, ЛДП бара обвинителството по допрен глас да поведе истрага, за сè што се споменува во аудиоснимките како незаконско работење во Општина Битола, а Талески од морални причини да си поднесе оставка – вели Касапов.

Вистината за работењето на градоначaлникот Талески ќе се бара и од Советот на Општина Битола.

– На наредната седница на Советот на Општина Битола, доколку ситуацијата во Битола остане статус кво, советниците од ЛДП и од опозицијата ќе предложат заклучоци со кои ќе се побара вистината за Битола, во врска со овие аудиоснимки, да излезе на виделина и таа вистина никој да не ја попречува – вели Касапов.

Бесплатниот школски превоз во Битола беше една од најважните теми пред последните локални избори, откако долгот на Општината кон превозниците ја надмина сумата од 1 милион евра. Во април 2012 година, превозниците преку својот адвокат јавно најавија дека ќе ги тужат Општина Битола и градоначалникот Талески откако добија допис од Министерството за образование дека парите за превозот биле префрлени во Општината, а тие не добиле ниту денар.
Дванаесет фирми превозници беа согласни дека преку тужба на суд ќе си ги добијат парите и се заканија дека без превоз ќе ги остават преку 3.000 ученици од Битола и од Битолско. Но, засега од превозниците нема информации во јавноста дали воопшто има разврска за овој случај.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...