fbpx

Полициска акција во Гостивар, уапсен поранешен полициски командир

-

Синоќа, во голема полициска акција на секторот за организиран криминал во Гостивар, биле уапсени повеќе лица, а меѓу нив и поранешниот командир на гостиварската полициска станица, пренесуваат медиумите.

Од МВР ја потврдиле информацијата дека била спроведена акција, но не откриваат за што точно станува збор и повеќе детали најавуваат во текот на денешниот ден.

Според првичните неофицијални информации, станувало збор за продолжение на акцијата „Чекан“, во која кон крајот на минатата година беа уапсени повеќе лица осомничени за злосторничко здружување, лихварство, изнуда и за перење на пари.

Неколку дена по акцијата „Чекан“, од МВР најавија дека ќе се проверува дали полицајци соработувале и им помагале на членовите на криминалната група.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...