fbpx
Таг: акцијаЧекан

таг: акцијаЧекан

Поднесен обвинителен акт за случајот „Чекан“

Надлежен јавен обвинител денеска до Основниот суд Скопје 1 поднел обвинителен акт против десетмината уапсени во полициската акција „Чекан“, кои се товарат за злосторничко здружување, изнуда, перење пари и за лихварство. „Криминалната група во која биле обвинетите, почнала да дејствува во континуитет од 2008 година, претежно на територијата на Општина Гостивар. Главниот мотив бил стекнување противправна имотна корист со извршување...

Осомничен во случајот „Чекан“ екстрадиран од Хрватска

Министерството за внатрешни работи во соработка со хрватската полиција ја завршило екстрадицијата на Р.С. (40), еден од осомничените во случајот „Чекан“, а кој се товари за кривичните дела злосторничко здружување, изнуда, лихварство и за перење пари. Како што информираат од МВР, Р.С. на 10 јануари оваа година, бил уапсен на граничниот премин Бајаково, по распишана меѓународна потерница од Интерпол, по...

„Чекан“ удри врз двајца гостиварски полицајци

Двајца полицијаци од Гостивар се упасени во продоложение на акцијата „Чекан“, осомничени дека биле членови на криминалната група што беше разбиена во декември минатата година, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што инфромираат оттаму, станува збор за Р.Б. (39), вработен како полициски службеник во одделение за полиција при полициската станица од општа надлежност Гостивар и Ш.Д. (41), командир...

Полициска акција во Гостивар, уапсен поранешен полициски командир

Синоќа, во голема полициска акција на секторот за организиран криминал во Гостивар, биле уапсени повеќе лица, а меѓу нив и поранешниот командир на гостиварската полициска станица, пренесуваат медиумите. Од МВР ја потврдиле информацијата дека била спроведена акција, но не откриваат за што точно станува збор и повеќе детали најавуваат во текот на денешниот ден. Според првичните неофицијални информации, станувало збор за...

Уапсен првоосомничениот во случајот „Чекан“

Гостиварецот Ф.А., осомничен како организатор на криминалната група што беше разбиена во полициската акција „Чекан“, по речиси двомесечно бегство од органите на прогонот, денеска бил уапсен, потврдуваат од МВР. Неофицијално, првоосомничениот во „Чекан“ бил пронајден и уапсен во куќа во Гостивар, чии сопственици биле во странство. МВР, во полициската акција „Чекан“, на почетокот од декември минатата година, уапси 15, од вкупно 19 лица,...

МВР: Проверуваме дали полицајци соработувале со осомничените во „Чекан“

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека ги проверуваат индициите за можна поврзаност на вработени во гостиварската полиција и во други државни институции со осомничените што беа уапсени во акцијата „Чекан“. - МВР почна со проверки и на работењето на надлежните државни институции, вклучувајќи ја и локалната полиција. Постојат индиции дека е можно службени лица од МВР, но и од други...

30 дена притвор за десетмина од уапсените во акцијата „Чекан“

Судија на предходна постапка им одреди триесетдневен притвор на десетмина од уапсените во вчерашната акција на МВР под оперативно име „Чекан“, информираат од Основниот суд Скопје 1. Четворица од осомничените, меѓу кои и организаторот на групата, се недостапни за органите на прогонот. Осомничените членови на криминалната група се товарат за злосторничко здружување, изнуда, лихварство и за перење пари.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...