fbpx

„Чекан“ удри врз двајца гостиварски полицајци

-

Двајца полицијаци од Гостивар се упасени во продоложение на акцијата „Чекан“, осомничени дека биле членови на криминалната група што беше разбиена во декември минатата година, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што инфромираат оттаму, станува збор за Р.Б. (39), вработен како полициски службеник во одделение за полиција при полициската станица од општа надлежност Гостивар и Ш.Д. (41), командир на полициската станица. Против нив е поднесена кривична пријава за злосторничко здружување, соизвршителство, помагање, изнуда и за лихварство, односно истите кривични дела за кои се товарат и деветнаесетмината осомничени во претходната фаза од акцијата.

Судија на претходна постапка на двајцата полицајци им одредил мерка притвор од 30 дена.

Според МВР, двајцата осомничени полицајци ѝ овозможувале на криминалната група да оперира, не преземајќи никакви службени дејства, а Р.Б., како што стои во соопштението, „дури и активно учествувал во вршење на овие кривични дела, давал податоци за оштетените, за нивната имотна состојба, нивната местоположба“.

Осомниченот командир Ш.Д., пак, според МВР, не ги процесуирал пријавите за кривичните дела на криминалната група, што до него ги доставувале униформираните полицајци, а за тоа не ја известувал ниту надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар.

Како организатор на криминалната група е осомничен гостиварецот Ф.А., кој по речиси двомесечно криење од органите на прогонот, на почетокот на минатиот месец беше пронајден и уапсен во куќа во Гостивар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...