среда, 11 март, 2026
Meta.mk

Ознака: полицискаакција | 28 резултати

Во тек голема полициска акција во Скопје и Куманово

8 октомври 2015

Министерството за внатрешни работи (МВР) од утрово спроведува голема полициска акција на територијата на Скопје и на Куманово. Информацијата за „Мета“ ја потврди помошникот министер за внатрешни работи, Иво Котевски, кој вели дека акцијата е во тек. Котевски најави повеќе информации за акцијата во текот на денот. Првично, од МВР за „Мета“ информираат дека станува […]

Денеска треба да почне судењето за случајот „Јустиција“

29 септември 2015

Денеска треба да почне судскиот процес за случајот „Јустиција“, во кој 13 лица, судии и стручни соработници од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопеј 1, се обвинети за несовесно работење во службата, односно дека намерно чувале предмети во фиока до нивно застарување. Полициската акција со кодно име „Јустиција“ беше спроведена во октомври минатата година […]

Неделава продолжува сослушувањето на уапсените од кумановската група

3 август 2015

В среда и в четврток оваа недела, продолжува сослушувањето на уапсените во полициската акција во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај, кои во моментов издржуваат притвор во затворите во Прилеп и во Битола, објави телевизијата „Алсат-М“. Како што пренесува телевизијата, процесот беше блокиран бидејќи притворените одбиле да дaдат изјави пред обвинителството да […]

Куманово, два месеци по шокот: Траумата помина, неспокојот остана

9 јули 2015

И по два месеци јавноста е сè уште обременета од мистеријата и чека од надлежните институции да одговорат на прашањето што точно се случи на 9 и на 10 мај во Куманово и кој е одговорен за тоа. Од МВР за „Мета“ велат дека истрагата е сè уште во тек, а одговорите на бројните прашања, […]

Акција на полицијата во кумановско Ваксинце

11 јуни 2015

Полицијата од утрово спроведува акција во кумановското село Ваксинце, каде илегално се сместени голем број мигранти. Според „24 Вести“, која се повикува на МВР, акцијата во Ваксинце е завршена и, според првичните информации, во селото биле откриени повеќе од 100 мигранти, од кои дел биле сместени во куќи. Против жители на Ваксинце, за кои ќе се […]

Што напиша, а што сакаше да ни каже МВР во извештајот за Куманово

9 јуни 2015

Ако денешното соопштение на МВР за извештајот на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС) за акцијата во Куманово се „преведе“ на обичен (неполициски) јазик, многу детали за настаните од 9 мај, кои досега во јавноста се објавуваа како шпекулации, стануваат појасни и, сега, официјално потврдени. Во извештајот на МВР пишува: Тимови од Одделот […]

МВР се испофали за полициската акција во Куманово

9 јуни 2015

„Полициските службеници кои биле задолжени за чување на еден од уапсените припадници на терористичката група во Куманово, кој успеа да побегне, постапиле непрофесионално и спротивно на полициската процедура во вакви случаи, оставајќи го лицето без неопходен надзор“, се наведува на крајот на извештајот на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС), за полициската акција […]

Нова контроверза за акцијата во Куманово: И полицаец бил меѓу терористите?

20 мај 2015

Меѓу уапсените припадници на терористичката група, што пред десетина дена беше разбиена во Куманово, сепак, има и полицаец, потврди за „Мета“ помошникот-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР), Иво Котевски. На нашето прашање дали е точно дека меѓу приведените во акцијата во Куманово имало и полициски службеник, Котевски одговори: „Да, мислам […]

Обвинителство 10 дена ги чека обдукциските наоди за 18 загинати во акцијата во Куманово

19 мај 2015

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, во чија надлежност е истрагата за полициската акција во Куманово, сè уште ги очекува официјалните извештаи од обдукциските наоди за убиените припадници на безбедносните сили и на терористичката група, велат за „Мета“ од Обвинителството. Во дописот, како одговор на нашите прашања „Колку вкупно лица ги загубија животите во […]

Побегнатиот терорист Османи: Во Куманово се боревме за албанска држава во Македонија

15 мај 2015

Сулејман Османи, терористот кој ѝ избегал на полицијата еден ден по акцијата во Куманово, во интервју за косовската телевизија РТК изјавил дека целта на групата била создавање албанска држава во Македонија, по принципот на Република Српска во Босна и Херцеговина, пренесува „Б92“. Според него, групата броела повеќе од 2.000 борци. Тој ги негирал тврдењата дека групата имала […]

МВР: Идентификувани телата на командант Нато и на командант Бегу, уапсен командант Соколи

13 мај 2015

По завршување на обдукцијата на починатите членови на терористичката група, Министерството за внатрешни работи (МВР) преку Бирото на Интерпол Скопје, почнало со процедура за потврдување на идентитетот на лицата. Како што информираат од МВР, досега бил потврден идентитетот на Мирсад Ндрецај (36), познат како командант Нато, за кого, според полицијата, постојат сомневања дека бил еден од […]

За Мендух Тачи случувањата во Куманово биле меѓуетнички

12 мај 2015

Ситуацијата во Македонија е многу лоша и на политички план треба многу бргу да се дејствува, изјави лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, на прес-конференција, во врска со настаните во Куманово. Според него, што поскоро треба да се отвори нов дијалог меѓу Албанците и Македонците, а главниот приоритет да биде евроинтеграцискиот процес […]

МВР: Пронајдено оружјето украдено при нападот на караулата Гошинце

12 мај 2015

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска преку соопштение информираше дека дел од уапсените во полициската акција во Куманово ја потврдиле инволвираноста во нападот на полициската станица во Гошинце на 21 април и го посочиле местото на кое го сокриле оружјето украдено од караулата. „Врз основа на добиено оперативно сознание, на 10 мај беа извршени претреси […]

За странците, терористите станаа – наводни!

12 мај 2015

Дваесет и четири часа по акцијата на полицијата во кумановското Диво Насеље, амбасадорите на САД, земјите од Европската унија и западните медиуми, за групата што МВР ја оквалификува како терористичка, почнаа да зборуваат и да пишуваат во наводници или да го употребуваат изразот „наводни терористи“. Амбасадорот на САД во земјата, Џес Бејли, кој заедно со амбасадорите на Европската […]

Русија загрижена за случувањата во Куманово, но и за протестите

9 мај 2015

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација денеска преку соопштение изрази загриженост за случувањата во Куманово и изрази надеж дека „ситуацијата брзо ќе се нормализира и сите околности околу инцицентот ќе бидат темелно истражени“. „Ги повикуваме сите политички сили во Македонија на конструктивен дијалог, а меѓународната заедница, особено ОБСЕ, да дадат придонес кон таквиот дијалог. […]

И Србија на штрек поради ситуацијата во Куманово

9 мај 2015

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, за утре во 13 часот закажал вонредна седница на Бирото за координација на службите за безбедност, по повод денешните случувања во Куманово, пренесуваат српските медиуми. Од кабинетот на Вучиќ, но и на министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, овие информации не ги потврдуваат зашто, како што велат, станува […]

Пивоваров од Куманово: Овде како да се води војна, но граѓаните се сплотени

9 мај 2015

Тројца загинати полицајци, жена и дете се последните информации од денешната полициска акција во Куманово, соопштил на прес-конференција кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц, јави „24 Вести“. Како што рече Дамјановски, овие информации се неофицијални и истите ги добил „од новинари и од мештани“. Состојбата во Куманово и понатаму е драматична, а полициската акција е […]

Нови пукотници и детонации во Куманово, се зголемува бројот на повредени

9 мај 2015

Полициската акција што утрово почна во Куманово, за, како што велат од МВР, ликвидација на вооружена група, сè уште е во тек. Според новинарските екипи кои се на терен, од кумановско Диво насеље, каде се одвива полициската операција, сè уште се слушаат истрели и детонации. Според последните информации, за кои нема потврда, повредени се најмалку 15 полицајци, […]

Во полициска акција во Куманово, уапсени две лица сo пластичен експлозив

24 април 2015

Вчера попладне во полициска акција во Куманово биле уапсени две лица за поседување пластичен експлозив, неофицијално информираат за „Мета“ од МВР. Оттаму засега не откриваат повеќе детали за акцијата и дали таа е поврзана со инцидентот на караултата во Гошинце, кој МВР го оквалификува како терористички напад на државните институции. Дел од медиумите шпкулираат дека […]

Полициска акција во Гостивар, уапсен поранешен полициски командир

3 март 2015

Синоќа, во голема полициска акција на секторот за организиран криминал во Гостивар, биле уапсени повеќе лица, а меѓу нив и поранешниот командир на гостиварската полициска станица, пренесуваат медиумите. Од МВР ја потврдиле информацијата дека била спроведена акција, но не откриваат за што точно станува збор и повеќе детали најавуваат во текот на денешниот ден. Според […]

Страна 1 од 2