fbpx
Таг: ВладимирТалески

таг: ВладимирТалески

Талески се врати на работа четири дена по укинување на притворот

Четири дена од укинувањето на мерката куќен притвор, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, осомничен од СЈО за криминал со школскиот превоз, се појави на своето работно место. По три месеци минати во куќен притвор, извори од Општината потврдуваат дека по 10 часот Талески дошол во својот кабинет и веднаш свикал состанок со дел од вработените. Според истите извори, Талески изминатите денови...

Талески бара Иванов да ја повлече аболицијата, според него СЈО е незаконско

„Kако градоначалник на Битола, работам искрено, посветено и одговорно за доброто на граѓаните. Бидејќи јас лично никогаш не сум правел криминал, не се чувствувам виновен, не сум виновен и не сакам да бидам изедначен со вистинските криминалци во Македонија. Не сакам да има сомнеж или шпекулирање за моето законско работење и затоа од Вас барам аболицијата за мене да ја...

Битола: Златниот рид стана мрачна населба

И по пет години од најавата на проектот Златен рид, каде требаше да никне најлуксузниот кварт во Битола, со хациенди, згради, градинки и со други институции, таа населба со градот е поврзана само со козји патеки. Како и зошто се потрошени 2,5 милиони евра од парите на битолчани што беа наменети за изградба на инфраструктура? Ги прашал ли некој граѓаните? Финансиското работење на Општината е...

Се урива филмскиот град во Битола

Се уриваат градбите во поранешната касарна во Битола, каде локалната власт го градеше проектот „Битола филмски град“, објави денеска битолската опозиција. Овој проект беше еден од поекспонираните на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, уште за време на неговиот прв мандат. Битолската опозиција, тргнувајќи од најавите на градоначалникот Талески дека за овој проект ќе бидат потрошени 1,6 милиони евра, побара одговор од него...

За битолскиот градоначалник, истрагата на Обвинителството е негова лична работа

Битолскиот градоначалник Владимир Талески смета дека истрагата што Обвинителството ја отвори против него е негова лична работа. Тој денеска повторно беше јавно прашан од опозициските советници во битолскиот Совет зошто се води истрага против него и кои сè документи се одземени од Општината во интерес на истрагата. На тоа, Талески ѝ забележа на опозицијата дека најголемиот дел од нивните прашања се однесуваат...

За градоначалникот Талески новинарите се виновни што има истрага против него

Битолскиот градоначалник Владимир Талески ги обвини новинарите за тоа што Обвинителството отвори предмет по „бомбата“ на опозицијата, во која се зборува дека тој, наводно, направил криминал со бесплатниот превоз на ученици. Талески упати грст навреди кон дел од локалните новинари, нарекувајќи ги „врвни непрофесионалци“. - Благодарение на вашата разединетост во делот на новинарството и благодарение на голем и врвен непрофесионализам, се...

Битолчани во шатори го чекаат Талески да ја потпише оставката

Педесетина битолчани, млади и повозрасни, ноќва ја поминаа будни пред Општина Битола, барајќи оставка од градоначалникот Владимир Талески. Тие поставија шатори на булеварот 1 Мај, од мостот на Драгор до влезот на Општината. Заедно со граѓаните, ноќта будни останале и седум полицајци што го обезбедувале просторот. Оставката е напишана од членовите на здружението „За нас се работи“ и, како што велат, Талески...

Битолчани излегоа да протестираат и да бараат оставка од Талески

Неколку илјади битолчани вечерва излегоа на протестот на кој битолските еколози од здружението „За нас се работи“ ќе бараат оставка од градоначалникот Владимир Талески. Толпата демонстранти која се наоѓа пред седиштето на Општина Битола, извикува „уа“, скандира „оставка“ и ги вее транспарентите со натпис „Сиктер за Талески“. Најголем дел од насобраните граѓани и активисти се млади луѓе, но меѓу нив има и...

Општина Битола се пишмани за пресметката на каматите за данок на имот

Граѓаните на Битола веќе неколку недели се на мака, откако на решението за данок на имот Општината им пресметала и камати за задоцнето плаќање за изминатите 5 до 10 години. Ваквите зголемени давачки ги револитираа битолчани, па одговор секојдневно бараат пред вратите на локалната самоуправа. На некои од решенијата за данок се пресметани камати и по неколку илјади денари. - Добив решение...

Најава за целоноќни протести во Битола за оставка на градоначалникот Талески

Битолчани за идната недела најавуваат дека ќе започнат со целоноќни протести пред Општина Битола, кои ќе траат сè додека градоначалникот Владимир Талески не си поднесе оставка. Револтирани од неиполнетите ветувањата на Талески дека граѓаните ќе имаат точни и навремени информации каков воздух дишат и кој или кои се примарните загадувачи на амбиенталниот воздух во градот, членовите на здружението „За нас се...

Талески: Блиску е крајот на вампирската политика на СДСМ

Само неколку часа пред да одекнат „бомбите“ на Заев во Битола, битолскиот градоначалник Владимир Талески излезе на прес-конференција со напади и со обвинувања на адреса на опозицијата и на нивиот проект „Вистината за Македонија“. Како ретко кога, Талески се појави на партиската говорница на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, зборувајќи дека блиску е крајот на вампирската политиката на СДСМ, која бара...

ЛДП фрли нов сомнеж врз работата на битолскиот градоначалник

Битолските либералдемократи фрлаат нов сомнеж врз транспарентното работење на битолскиот градоначалник Владимир Талески. Тие бараат Талески да не го подига кредитот од 2,5 милиони евра сè додека Јавното обвинителство не се изјасни по кривичната пријава што опозицијата ја поднесе против него, а поттикната од тврдењата во јавно објавените разговори на министерот за финансии, Зоран Ставрески, и на министерката за внатрешни...

Опозицијата поднесе кривична пријава против битолскиот градоначалник

Битолската опозиција денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против битолскиот градоначалник Владимир Талески. Лидерот на битолските социјалдемократи и пратеник, Васко Ковачевски, рече дека кривичната пријава ги содржи сите наводи кои стојат во разговорот од снимките, објавени од СДСМ, меѓу министерот за финансии, Зоран Ставрески, и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. - Во своето признание, Ставрески го нарекува...

Сите сочни изрази на Ставрески на едно место (+18)

Во аудиоснимките што вчера ги презентираше Зоран Заев, може да се чуе дека високи функционери на власта користат многу погрдни зборови и сочни пцовки за колегите сопартијци и за свои соработници. Така, на пример, еве што сè слушнавме од Зоран Ставрески во аудиоснимките со разговори од само 1 час и 45 минути:    За Никола Груевски: Ќе му го дадам (буџетот) нека крши глава. Ми...

ЛДП: Обвинителство да поведе истрага за работењето на битолскиот градоначалник

Обвинителството да поведе истрага за аудиоснимките на кои министерот Ставрески зборува за криминал во работењето на битолскиот градоначалник Владимир Талески, побара денеска опозициската Либерално-демократска партија (ЛДП) од Битола. Советникот на ЛДП, Александар Касапов, вели дека по зборовите на Ставрески дека во Битола е склучен „коруптивен договор до даска“ за бесплатниот превоз на учениците со превозникот „Транскоп“, јавноста од Талески најмалку...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...