Алијанса за Албанците (АА) денеска ги повика и Јавното Обвинителство и Министерството за внатрешни работи (МВР да преземат мерки и да ги пронајдат лицата што при упадот во Собранието на 27 април 2017 година, а и потоа, посегнале по животот на претседателот на АА или се зканувале. Тоа на Фејсбук го прават „Македонски лавови“, порачува АА.

„Овасе кукавички закани од хулигани кој постојано упатуваат навреди кон пратеникот и претседател на АА, потсетувајќи го на 27 април, и тоа со жалење зашто не им подлегнал на раните во моментот кога сите мислеле дека е мртов. Една таква закана синоќа беше упатена од Фб профилот „Македонски лавови“.

Тоа, велат од партиската коалиција, е очигледна закана. При такви закани кон премиерот Зоран Заев, Обвинителство реагирало поразлично, обвинува партијата, велејќи дека Македонците се заштитени од државата, а Албанците не се.

„Ја потсетуваме јавноста дека овие закани воопшто не го плашат Претседателот Села и Алијансата за Албанците, но истите влијаат во нарушување на меѓуетничките односи, посебно кога институциите не преземаат мерки за изнаоѓање и казнување на хулиганите. Го потсетуваме МВР и Јавното обвинителство дека пред извесно време имаше закана кон Премиерот Зоран Заев кога МВР и Обвинителството експресно ги пронајдоа сторителитп кои што упатија слични закани како вчерашниот настан со Пратеникот Зиадин Села. Се поставува прашањето дали во овој случај институциите ќе преземаат мерки против заканувачите на Зиадин Села? За жал, тешко дека ќе бидат преземени мерки бидејќи обвинителството работи со двојни стандарди, едни за Албанци и други за Македонците“, велат од АА.