fbpx

Бангладеш: 68 загинати во бродолом

-

Бројот на загинатите во бродоломот што се случи по судир меѓу траект и товарен брод на реката Падма во централен Бангладеш се искачи на 68, пишува весникот „Дејли стар“.

Повикувајќи се на изјави на очевидци, весникот пишува дека досега се извлечени 41 тело. Меѓу 80 и 90 патници се спасени или сами успеале да допливаат до брегот, додека уште 38 лица се водат за исчезнати.

Траектот „Мистафа“ со повеќе од 200 патници и членови на екипажот, потона вчера откако се судри со товарниот брод „Наргис-1“, 70 километри од Дака.

Претходно е јавено дека загинаа 33 лица, но властите велат дека е невозможно да се одреди точен број на патници затоа што сопственикот на траектот не регистрирал колку билети продал.

Капетанот на товарниот брод и двата члена на екипажот се уапсени поради прекршување на прописот за безбедност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.