fbpx

Штајнмаер: Самитот во Минск е неизвесен

-

Шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска во Брисел изјави дека е неизвесно дали в среда ќе се одржи самитот во Минск за ситуацијата во источниот дел на Украина.

– Се надеваме дека сите отворени прашања ќе бидат решени, но уште не е ништо сигурно и има уште многу работа – рече Штајнмајер по доаѓањето на министерскиот состанок во Брисел.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, денеска изјави дека „никој не може да му поставува ултиматум на претседателот на Русија, Владимир Путин, за мирновните преговори“ за решавање на украинската криза.

Песков реагираше на написите на американските медиуми, според кои, германската канцеларка Ангела Меркел се заканила со нови санкции кон Русија доколку Путин го одбие новиот мировен план за Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...