fbpx

Бектеши: Струјата нема да поскапи до крајот на годината, нема потреба од прогласување кризна состојба

Министерот за економија Крешник Бектеши по состанокот на Комисијата за електроенергетска кризна состојба изјави дека земјава до крајот на годината ќе има доволно количина на електрична енергија, а нема да има и поскапување на струјата. „Сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот на...

Нов спот за песната „The Arsonist (Single Remix)“ од Blackstate

На 22 октомври Blackstate ја претстави новата верзија на песната „The Arsonist“. Станува збор за едно суптилно адаптирање на оригиналот за потребите на објава на песната како сингл со видео илустрација (видео спот). Ремиксот се вика „The Arsonist (Single Remix)“. Оригиналната песна „The Arsonist“ е...

Објавен првиот прирачник за предавање на контроверзни теми во училница

Предавање и дискусија на контроверзните теми сè уште претставува предизвик за наставниците од училиштата во нашата земја, па затоа дури 86 отсто од учениците никогаш немале можност да разговараат за тековни општествени прашања во рамки на образованието. За да се надмине ваквата состојба, Здружението LEAD...

Опаѓа популарноста на Фејсбук помеѓу младите

Внатрешни извештаи на компанијата Фејсбук покажуваат дека младите поминуваат сè помалку време на главната платформа Фејсбук, сè помалку тинејџери се регистрираат како нови корисници, а вработените не можат да сфатат зошто се случуваат овие негативни трендови, пишува „Блумберг“ во најновото откривање на документите кои...

Реактор: Две години по ковид пандемијата, родовата нееднаквост станува уште понагласена

Речиси две години од почетокот на пандемијата со Ковид 19, состојбата продолжува да ги акцентира нееднаквостите во сите сфери на живеењето, а родовата нееднаквост станува уште понагласена, велат од Реактор - Истражување во акција. Од Реактор велат дека во просек жените во Северна Македонија извршуваат...

Учество на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 во Дубаи

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска престојува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати по повод учеството на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 Дубаи во чии рамки денеска ќе се обрати на панел дискусијата „Визии и патувања“. „Сопругата на претседателот, оствари средба со Охуд Калфан Ал Руми, државен...

Вистиномер: Не е точно дека името на ДИК е испишано прво на албански, па на македонски јазик

На фотографијата прикажана во постот е претставен само половичен дел од паното позади членовите на Државната изборна комисија. Кога ќе се погледне целосната табла, се гледа дека од левата страна, најнапред на македонски јазик со кирилично писмо е испишано името на државната институција одговорна...

Обединетото Кралство ја претстави програмата на претседателството која ќе ги поттикне глобалните климатски амбиции на COP26

Програмата на COP26 започнува со Светскиот лидерски самит (1-2 ноември), чиј домаќин ќе биде премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон, на кој повеќе од 120 лидери веќе го потврдија своето присуство. Лидерите се охрабруваат да постават амбициозни активности за намалување на емисиите - вклучувајќи...

Од следниот месец понуда на специјализирани обуки за фриленсери

Наскоро студентите ќе може да посетуваат специјализирани обуки за фриленсинг во Северна Македонија, кои ќе им овозможат подобро да го разберат овој пазар. Фондацијата Импакт потпишала договори со три даватели на обуки во Северна Македонија - Бреинстер, Сеавус Едукативниот Центар (SEDC) и образовниот центар...

Изборни инциденти во Куманово и Вевчани, боксерска пресметка и неовластено фотографирање лични карти

На неколку дена пред вториот круг на гласањето на локалните избори во земјава, Министерството за внатрешни работи (МВР) и различните политички партии информираат за изборни инциденти, кои влегоа и во билтените на МВР. Во Куманово, во саботата на 23 октомври во 14.15 часот во СВР...

Управниот суд ги поништи изборните резултати од две избирачки места во Дебар и Шуто Оризари

Тужбите на Алијансата на Албанците и Алтернатива за Дебар и на движењето Одлучно за промени за Шуто Оризари се прифатени од Управниот суд, што значи дека во недела во овие две општини ќе има прегласување за првиот круг на по едно избирачко место. Во општина...

Регистрирани 135 нови случаи од 1.514 тестирања за ковид-19 и 11 починати лица

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека во изминативe 24 часа, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирал 135 нови случаи на ковид-19 во земјава, како и 11 починати лица и 330 оздравени пациенти. Од направените 1.514 тестирања во изминативе 24 часа, новите 135 случаи се во...

Вистиномер: Скринингот во училиштата нема за цел да ги убие децата

Пандемијата од коронавирусот не е измислена, таа е реална а тоа го покажуваат бројките на новозаразени и починати од вирусот. Тестовите со кои се детектира присуство на коронавирусот не се ништо друго освен стапче на чиј врв има памук со кој се зема брис...

Пендаровски: Пандемијата на ковид-19 ги разоткри постоечките системски нееднаквости и социјални неправди

Претседателот денеска се обрати на одбележувањето на 76 години од основањето на Обединетите нации, што се одржа во Градскиот парк во Скопје, во организација на Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски во своето обраќање говореше за визијата на...

Анализа на „Порталб.мк“: Возен парк на општините – од скромност до луксуз!

Од луксуз – до скромност. Различни видови на возила, автомобили, камиони, комбиња и автобуси се заведени во Регистарот на возила што е објавен од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата. „Порталб.мк“ повикувајќи се на официјалните податоци од овој регистар објавува детали за возниот...

Со промоција на книгата „Хроника на еден филмски сон“ ќе се одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство

Под мотото „Вашиот прозорец кон светот“, на 27 октомври (среда) Кинотеката на Северна Македонија со промоција на книгата „Хроника на еден филмски сон“ на македонскиот режисер и писател Антонио Митриќески ќе го одбележи Светскиот ден за аудиовизуелно наследство. Книгата е збир на монографија, биографија, мемоарска...

ЕК извештај: Новинарите сè повеќе напаѓани и изложени на самоцензура, медиумите финансиски неодржливи

Општиот контекст останува поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко известување на медиумите и покрај сериозните наоди кои се дел од овој извештај. Посебно влијание на работата на новинарите имаше кризата предизвикана од ковид-19 каде беше зголемена тензијата во секторот. Нападите кон новинарите...

Мазутот поевтинува, цените на бензинот и дизелот не се менуваат

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека вечерва по полноќ нема да се менуваат цените на безнинот и на дизел горивата на бензинските пумпи. Бензинот од 98 октани останува со цената 78,5 денари по литар, цената на „обичниот“ бензин од 95 октани е 76,5 денари,...

Европската комисија бара целосно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, велат од Коалиција МАРГИНИ

Извештајот на Европската Комисија за 2021 година го забележува донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, за чие донесување се потенцира дека беше обезбедена меѓупартиска поддршка, велат од Коалиција МАРГИНИ. Во Извештајот се забележува и клучната улога на граѓанскиот сектор во мониторирање на...

Гардијан: Сиромашните земји ќе добиваат финансии од фонд за климатска акција

План за формирање на финансиски фонд за климатска акција е потребен за да се добие поддршка од земјите во развој за постигнување на било каков договор на претстојната Конференција за климатски промени на ОН (КОП 26), пишува Гардијан. Ваквите финансии треба да им помогнат на...

Пет илјади ученици полагаат тестови за меѓународната студија ТИМСС

Вкупно 5.000 ученици од 150 училишта во државата деновиве се тестираат за потребите на ТИМСС меѓународната студија. Како што информира Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), децата...