fbpx

Изборни инциденти во Куманово и Вевчани, боксерска пресметка и неовластено фотографирање лични карти

-

На неколку дена пред вториот круг на гласањето на локалните избори во земјава, Министерството за внатрешни работи (МВР) и различните политички партии информираат за изборни инциденти, кои влегоа и во билтените на МВР.

Во Куманово, во саботата на 23 октомври во 14.15 часот во СВР Куманово Р.Р. пријавил дека во населбата Средорек бил физички нападнат од С.С. и неговиот татко. Истиот ден во 14.17 часот С.С. пријавил дека бил физички нападнат од Р.Р. МВР презема мерки за расчистување на случајот, а од таборите на двајцата противкандидати на изборите во Куманово имаше меѓусебни обвинувања.

Станува збор за Реџеп Реџеповски и Самет Салиевски, и двајцата професионални боксери со долгогодишно искуство. Реџеповски има освоено и сребрен медал за Југославија на Летните олимписки игри во Лос Анџелес во 1984 година, а сега е кандидат за советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“. И Самет Салиевски е боксер со долгогодишна кариера и тренер по бокс.

Покрај боксерската пресметка во Куманово, во Вевчани вчера вечер се случил уште еден инцидент, на којшто лице се легитимирало како полициски службеник и фотографирало лични карти на граѓани кои се наоѓале во кафе бар. И овој инцидент е пријавен во МВР.

„На 24.10.2021, во 22.30 часот во ПО-Велешта Т.Ш. (32) пријавил дека околу 20.30 часот во центарот на с.Вевчани (пред кафе бар) додека следел митинг на политичка партија едно лице лажно му се претставило дека е полициски службеник и му побарало лична карта и откако ја фотографирал личната карта, му се заканил на пријавителот. Потоа, според пријавеното, лицето влегло во кафе барот и им ги побарал а потоа и ги фотографирал личните карти на И.Д., М.Д., В.П., К.Р., Т.В. и Н.Б., сите од Вевчани, а потоа, без да се легитимира со службена легитимација, се оддалечило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 31 октомври, и тоа во оние општини каде што не беше избран градоначалник во првиот круг на 17 октомври.

Матурантите договараат ресторани за прослава, но и учат за матурскиот испит

Откако наставата се нормализира во последниве недели после лажните дојави за бомби, матурантите се подготвуваат за претстојните прослави, но и за полагање на испитот на зрелоста. Годинава за прв...
Download Premium WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Nulled WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download karbonn firmware
Download Nulled WordPress Themes
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=