fbpx

Мазутот поевтинува, цените на бензинот и дизелот не се менуваат

-

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека вечерва по полноќ нема да се менуваат цените на безнинот и на дизел горивата на бензинските пумпи. Бензинот од 98 октани останува со цената 78,5 денари по литар, цената на „обичниот“ бензин од 95 октани е 76,5 денари, дизел горивото ќе се продава и натаму по цена од 68,5 денари, додека нафтата за домаќинствата останува со цената од 68 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,377 ден/кг.

Регулаторната комисија нагласува дека тоа се максималните цени на нафтените деривати, но дека трговците со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

„Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 1,04%, кај дизелот за 0,304 %, кај екстра лесното масло за 0,357 % и кај мазутот за 0,402 %. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,454 %“, се вели во соопштението од Регулаторната комисија за енергетика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...