fbpx

Управниот суд ги поништи изборните резултати од две избирачки места во Дебар и Шуто Оризари

-

Тужбите на Алијансата на Албанците и Алтернатива за Дебар и на движењето Одлучно за промени за Шуто Оризари се прифатени од Управниот суд, што значи дека во недела во овие две општини ќе има прегласување за првиот круг на по едно избирачко место.

Во општина Дебар, поништени се резултатите за избирачкото место бр.0543 за гласањето за членови на општински совет и градоначалник. На ова изборно место има вкупно 777 гласачи, при што на изборите на 17 октомври за кандидатот Беким Поцеста од Алијанса за Албанците/Алтернатива гласале 271 лица, додека за кандидатот Хекуран Дука од ДУИ гласале 195 лица, а 2 гласа освоил Петрит Клења од ДПА.

Ваквиот распоред на гласовите значи дека најпрво на ова изборно место на 31 октомври ќе треба да се одржи прв круг од изборите, односно на ова гласачко место може да се определи победникот на изборите. Инаку, на првиот круг во Дебар кандидатот на Алијанса за Албанците/Алтернатива освои 49,69 отсто од гласовите, и за само неколку гласа не победи во првиот круг.

Во Шуто Оризари, Управниот суд ги поништи изборните резултати за изборното место 2957/1, на кое се впишани вкупно 655 гласачи во Избирачкиот список, по жалбата на Движењето Одлучно за промени. За разлика од Дебар, од Државната изборна комисија (ДИК) треба да одлучат дали ќе се прегласува на ова изборно место, односно дали прегласувањето ќе влијае на изборниот резултат од 17 октомври.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Premium WordPress Themes Download
Free Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
online free course
download redmi firmware
Download Premium WordPress Themes Free
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=