fbpx

САД предупредуваат за руски напади врз цивилна инфраструктура и владини објекти во Украина

Американскиот Стејт департмент и Амбасадата на САД во Кијив издадоа безбедносно предупредување дека Русија планира да изврши напади врз цивилна инфраструктура и владини објекти во Украина во наредните денови, пренесува Гардијан. Весникот додава дека станува збор за прво конкретно предупредување издадено од американската амбасада...

МИОА го одби ЈКП „Тетово“ за зголемување на бројот на вработени, велат ја надминува законски предвидената бројка

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) не го прифати барањето на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Тетово“ за зголемување на бројот на вработени. Според министерството, ЈКП предвидува поголем број систематизирани вработувања од законски дозволениот минимум, па затоа не дале согласност, пишува Порталб.мк. Еден од долгорочните...

Вистиномер: Со стара фотомонтирана насловна страница се обвинува Фаучи дека ја донел СИДА-та во САД

Уште од стартот на пандемијата доктор Фаучи, националниот американски експерт за инфективни болести е честа мета на дезинформации и критики. Во  обид да се поткопа неговиот кредибилитет се споделува и оваа дигитално изменета фотографија која го става Фаучи во центарот на кризата со СИДА...

Нови 614 случаи на ковид-19, пријавени се 10 починати лица

Според податоците собрани од Институтот за јавно здравје за последните 3 дена - од 19 до 21 август, има 614 нови случаи на ковид-19 во земјава. Во погоренаведениот временски период, направени биле 1.804 тестови. Најголем дел од новите случаи се во Скопје - 266, по што...

Американски бомбардери Б-52 денеска прелетаа над Скопје

Два воени воздухоплова од типот Б-52 на Воздухопловните сили на САД денеска извршија низок прелет над Скопје. Како што соопштија од Министерството за одбрана, овој прелет е уште еден приказ на заедништвото и силното сојузништво во НАТО, како и посветеноста на сите земји-членки на безбедноста...

Реакција на Историската комисија: Продолжува ширењето невистини за нашето работење

Mакедонскиот тим во Комисијата за историски и образовни прашања денеска преку соопштение до јавноста повторно реагира на неколкуте писанија и собирања потписи во јавноста, со кои продолжи ширењето невистини за работата на Комисијата во однос на неодамна објавените резултати од нејзината работа во 2018...

Одбележана 81. годишнината од формирањето на Скопскиот партизански одред

Со поклонување и положување свежо цвеќе пред споменикот на Скопскиот партизански одред во Карпош 3 денеска беше одбележана 81. годишнина од формирањето на овој одред, кој е првата партизанска формација на територијата на денешна Македонија. Почест на младите партизани, кој пред 81 година се одѕвале...

Судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово закажано за 6 септември

Судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, кој се случи пред речиси една година и во кој загинаа 14 лица, е закажано за 6 септември 2022 година во 10 часот кај судијата Јордан Велковски, објави Основен суд Тетово на веб-страната во календарот на...

Официјален Кијив забрани собири за прославување на Денот на независноста на Украина

Масовните собири за прославување на Денот на независноста на Украина во Кијив се забранети од денеска до четврток, во Харкив ќе стапи на сила продолжен полициски час од утревечер до четврток вечер, а властите и на другите градови низ Украина, меѓу кои и пристанишниот...

Нема нови жаришта на африканска чума, но досега се убиени 1.305 свињи

Засега нема нови жаришта на болеста африканска чума кај свињите во земјава, а последниот забележан случај е на 12 август месецов во Облешево. Сепак, институциите ги спроведуваат мерките во заштитните зони од 3 километри околу постојните жаришта на болеста и досега се убиени и...

Дизелот поскапува за 1,5 денари, бензините за половина денар

Порачувајќи дека во однос на одлуката за цените на нафтените деривати од 18 август, на светските берзи бензините поевтинеле за 0,065 отсто, додека дизелот поскапел за 2 отсто и екстра-лесното масло за домаќинство поскапело за речиси 2 отсто, Регулаторната комисија за енергетика и водни...

„iKnow“ системот на УКИМ и веб-страницата на МОН се повторно недостапни

ФИНКИ
Во моментов повторно не се активни веб страницата на Министерството за образование и наука (МОН), ниту пак „iKnow“ системот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. За само неколку дена, ова е трет пат како овие два веб сајта не функционираат во исто време. Минатиот четврток,...

Вистиномер: Објава манипулативно тврди дека 15 светски велесили ја возвишуваат Турција

Постот пренесува наводни изјави на 15 светски сили во кои се величи Турција. Во објавата, исто така, се тврди дека овие светски велесили се плашат од нејзината моќ. Станува збор за наводни изјави на земји како САД, Израел, Германија, Франција, Саудиска Арабија, Русија, Кина...

МТСП: Додатокот од 1.000 денари за енергетска помош ќе продолжи од октомври до март

По одредени информации изнесени во јавноста за наводно кратење на додатокот од 1.000 денари за корисниците на Гарантирана Минимална помош (ГМП), Министерството за труд и социјална политика (МТСП), се огласи со демант на таквите шпекулации. Министерството објаснува дека дека се работи за паричен додаток кој...

Украински разузнавачи: Русите би можеле да предизвикаат голем пожар во нуклеарката „Запорижја“

Вооружените сили на Руската федерација складирале големи количества нафтени деривати во кругот на нуклеарната централа „Запорижја“, што сугерира дека би можеле да предизвикаат голем пожар, како провокација, известува Guildhall, пренесувајќи го Фејсбук-статусот на Олександр В. Даниљук, шеф на Центарот за одбранбени реформи и координатор...

Над Скопје ќе прелетаат два воени авиони „Б-52“ како гаранција за силното НАТО сојузништво

Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52 денеска во 14:35 часот, соопшти Министерството за одбрана. „Прелетите на воздухопловите го демонстрираат силното сојузништво во НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област вклучувајќи...

Мастер клас со Ентони Дод Ментл на фестивалот „Браќа Манаки“: Секој филм си има свој живот

Оскаровециот Ентони Дод Ментл (Anthony Dod Mantle), британско-дански кинематографер со светска кариера и голем број награди, меѓу кои е и актуелната „Златна камера 300“ за животно дело на 43. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, одржа мастер клас во киното „Манаки“. Мастер класот беше модериран...

Вистиномер: Не, инспектор од УЈП нема да брои подарени пари по свадби

Наводната вест за броењето на парите во плик на свадбите од страна на инспектор на УЈП е изведена од насловот на текст објавен на tvvesti.com, каде на две места е наведено дека се работи за сатира –  во наднасловот и на крајот од написот....

Во Украина досега убиени над 45.000 руски војници

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари до денеска наутро, Вооружените сили на Украина елиминирале околу 45.200 руски војници, соопшти Генералштабот на Вооружените сили на Украина. Како што пренесува ukrinform.net, украинските сили елиминирале и 1.912 руски тенкови, 4.224 оклопни транспортери, 1.028 артилериски...

Украина отфрла поврзаност со експлозијата што ја уби ќерката на рускиот пропагандист Александар Дугин

Украина нема никаква поврзност со експлозијата на автомобилот во којашто загина Дарја Дугина, ќерка на идеологот на „Рускиот свет“, Александар Дугин, порача денеска Михаило Подољак, советникот на Шефот на кабинет на претседателот на Украина, во телевизиско обраќање, пренесува украинската новинска агенција „Укринформ“. „Украина дефинитивно нема...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...