fbpx

Официјален Кијив забрани собири за прославување на Денот на независноста на Украина

-

Масовните собири за прославување на Денот на независноста на Украина во Кијив се забранети од денеска до четврток, во Харкив ќе стапи на сила продолжен полициски час од утревечер до четврток вечер, а властите и на другите градови низ Украина, меѓу кои и пристанишниот град Миколаив, повикаа на максимално внимание на населението и избегнување на јавните простори, пренесува Би-би-си.

Гардијан ги пренесува информациите на украинските власти, кои тврдат дека Русија го затворила воздушниот простор во нејзините погранични региони Липецк и Вороњеж за периодот од 22 до 25 август. Тензиите меѓу двете земји се зголемени и по атентатот на Дарија Дугина, ќерката на Александар Дугин кој се смета за идеолог близок до Владимир Путин.

Инаку, на 24 август се прославуваат 31 година од Денот на независноста на Украина, но и се одбележуваат шест месеци од почетокот на руската агресија врз оваа земја. Медиумите ги пренесуваат податоците на украинските власти дека звучните аларми во населените места што укажуваат на хемиски и нуклеарни опасности се додадени на сирените за воздушни напади.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до граѓаните предупреди дека Русија можеби планира да направи нешто одвратно за да го одбележи Денот на независноста на Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...