Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари до денеска наутро, Вооружените сили на Украина елиминирале околу 45.200 руски војници, соопшти Генералштабот на Вооружените сили на Украина.
Како што пренесува ukrinform.net, украинските сили елиминирале и 1.912 руски тенкови, 4.224 оклопни транспортери, 1.028 артилериски системи, 234 авиони, 197 хеликоптери, 806 оперативно-тактички беспилотни летала, 190 крстосувачки ракети, 15 воени бродови и чамци.
Како што пренесе ukrinform.net, попладнево во јужна Украина, Вооружените сили на Украина одбиле силен руски напад, при што непријателот се повлекол со големи загуби.