fbpx

Во полициска акција кај Гошинце, пронајдено е украденото оружје

Полициските сили изутринава во селото Малино Маало ги пронашле и ги одзеле оружјето и муницијата што во вторникот биле украдени при нападот на полициската караула во Гошинце, јавува „Прес 24“ , повикувајќи се на извори од МВР. Полициските сили, по претходни сознанија дека во овој предел...

„Бомба“ во Гостивар: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ договараат партиски вработувања

СДСМ денска во Гостивар објави нови прислушувани материјали. Според Благојче Трпески, претседател на општинската организација на СДСМ во Гостивар во нив се говори за злоупотребите на државните компании во Гостивар за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ, за пазарот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за локалните избори,...

Питер Фејт: „Бомбите“ покажуваат страшни прекршувања

Поранешниот висок претставник на Европската унија на Косово, Питер Фејт, во петокот беше гостин на холандско радио за да одговара на прашања за политичката криза во Македонија. Во 2001 година, Фејт беше посредник испратен од НАТО за да преговара со војската на ОНА. Во интервјуто...

Претставници на ЕПП го осудија обидот на СДСМ за недемократско преземање на власта

Четириесет и девет претставници на Еворпската народна партија (ЕПП) потпишаа декларација со која се осудува обидот за недемократско преземање на власта во Македонија. „Ја изразуваме нашата загриженост за најновите случувања за политичката ситуација во Македонија, особено за неодговорното однесување на опозицијата“, стои во декларацијата, чиј...

Трагедијата кај Велес ја врати Македонија во светските медиуми

Македонија неделава се најде во фокусот на светските медиуми поради три настани: инцидентот во Гошинце, погребниот венец испратен до новинарот Борјан Јовановски, како и синоќешното прегазување на 14 мигранти на пругата Велес - Скопје. Трите инцидента, кои се случија во период од три дена, се...

Најмалку 14 мигранти загинале во несреќа на пругата Велес – Скопје

Најмалку 14 илегални мигранти загинале откако синоќа во нив удрил воз на пругата Велес - Скопје, пренесуваат медиумите. Трагедијата, според првичните информации, се случила во близина на стојалиштето Пчиња, кога меѓународен воз налетал на 50-члена група што се движела во правец кон Белград. Како што пренесува „24 Вести“,...

СДСМ-бомба од Велес: На сметката на Ивона Талевска требало да легнат 1,3 милион евра

На прес-конференција на претседаталот на општинската организација на СДСМ од Велес, Панче Иванов, денеска објави снимки за три скандали во кои се инволвирани Никола Груевски и неговите соработници. Првиот е за фирмата на новинарката и уредничка Ивона Талевска, „Визарис“, во кој самата признава дека на сметка „ќе...

Москва е загрижена од нападот на караулата во Гошинце

Нападот врз караулата во Гошинце зборува за континуираните етнички тензии во регионот, соопшти руското министерство за надворешни работи. „На ситуацијата влијае, пред сè, сериозниот недостиг од владеење на правото и од безбедност во Косово, што претставува очигледна последица од нерешавањето на косовскиот проблем во целина. Не...

Заев: Имало злосторничко здружување на Груевски со газдите на медиумите

Во вториот блок аудиоснимки што денеска на прес-конференција ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во еден меѓусебен разговор Емил Стојменов и Мартин Протоѓер зборуват за анкета што е објавена во „Дневник“. Протоѓер го замолува Стојменов да не ја преземаат анкетата. Стојменов, пак, му вели дека...

„Бомба“ за медиумите: Ги преполниле со партиски и неспособни луѓе

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на почетокот на денешната прес-конференција, рече дека објавува аудиодокази зошто МРТ пренесува информации кои немаат врска со реалноста и како избирале новинари кои сервилно служат на Груевски. - Денеска го отвораме и пакетот кој ќе ја покаже спрегата на Никола...

Османи: За ДУИ состанокот кај Иванов е непостоечки зашто тој е нелегитимен претседател

„Тоа е непостоечки состанок затоа што Иванов е нелегитимен претседател.“ Вака, Бујар Османи, портпаролот на Демократската унија за интеграција, ни одговори на прашањето зошто ниту еден претставник од ДУИ не присуствуваше на вчерашната итна средба кај претседателот Ѓорге Иванов. На вчерашниот состанок кај претседателот Ѓорге Иванов...

Гошинце: Местенка, порака или тероризам?

„Крајно невообичаена ситуација, која изгледа и несериозно. Да не стануваше збор за државата, би било смешно“, вели за „Мета“ универзитетскиот професор Владимир Пивоваров, во врска со денешниот инцидент на караулата Гошинце, што Министерството за внатрешни работи (МВР) го оквалификува како „терористички напад врз државните институции“. - Во...

ЕУ „длабоко загрижена“ за Македонија, се бара истрага за „бомбите“

Советот на министри за надворешни работи на ЕУ усвои заклучоци во кои се изразува длабока загриженост за влошената состојба во Македонија, особено во областа на владеењето на правото, фундаменталните права и слободата на медиумите, кои се суштински вредности во срцето на ЕУ и на нејзината...

Полициската станица во Гошинце заземена од вооружени лица

Полициската станица во село Гошинце, во липковскиот крај, е заземена од вооружени лица, пренесе „Фокус“. Според неофицијалните информации, вооружените лица влегле од Косово. Прес-конференција за овој настан е најавена во Министерството за внатрешни работи.

Кери и Коѕиас разговарале за грчко-македонските односи

Спорот за името и идејата за мерки за градење доверба биле дел од разговорите на американскиот државен секретар, Џон Кери, со грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас. Како што посочи Коѕиас по синоќешната средба во Вашингтон, со Кери разговарале за новите иницијативи на грчката...

Црвенковски: Подготвен сум, како и на 24 декември, да бидам во првите редови!

„Подготвен сум на ист начин, како на 24 декември 2012 година, заедно со син ми да бидам во првите редови! И искрено се надевам дека сите „душегрижници“ кои во изминатиов период ме прозиваа „каде е Бранко“, ќе бидат заедно со своите најблиски во мојата...

Фрчат оставки во ДУИ, се чека реакција на Ахмети

За само едно деноноќие, тројца функционери на ДУИ, Шефик Дураки, Арбен Лабеништа и Хазби Лика, поднесоа оставки, двајца од раководни места во партијата и еден од јавна функција, заменик-министер за одбрана. Незадоволен од организацијата на ДУИ, а особено од функционирањето на разграноците, Шефик Дураки, заменик-претседател на разгранокот на...

Груевски од Прилеп: Си ги знаеме маните, но ваков СДСМ не ни е алтернатива

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, денеска се обрати на народниот собир што ВМРО-ДПМНЕ го организираше во Прилеп. Груевски на почетокот од говорот истакна дека градоначалникот Марјан Ристески во соработка со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, сработил повеќе од 400 проекти во...

Груевски со ОБСЕ: Реформите, ЕУ и НАТО – темелни заложби на Владата

Реформскиот процес, европската и евроатлантската интеграција на земјата се темелна заложба на македонската влада, истакнал премиерот Никола Груевски на денешната средба со делегацијата на постојните претставници на земји на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), соопшти владината прес-служба. На средбата станало збор и...

СДСМ утре со „бомба“ во Штип

Нови снимки со прислушувани разговори опозицискиот СДСМ ќе објави утре, на прес-конференција во Штип. Претседателот на општинската организација во Штип, Владимир Милошев, не даде детали за содржината на разговорите што ќе бидат објавени и ги повика граѓаните на попладневниот марш, кој ќе го предводи...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...