fbpx

Питер Фејт: „Бомбите“ покажуваат страшни прекршувања

-

Поранешниот висок претставник на Европската унија на Косово, Питер Фејт, во петокот беше гостин на холандско радио за да одговара на прашања за политичката криза во Македонија. Во 2001 година, Фејт беше посредник испратен од НАТО за да преговара со војската на ОНА.

Во интервјуто Фејт оцени дека снимките што ги објавува опозицијата укажуваат на сериозни злоупотреби и на криминал од страна на власта и ги демистифицира наводите за етничка дестабилизација на земјата.

Според Фејт, снимките што ги објавува опозицијата „откриваат страшни прекршувања на човековите права, изборни измами, итн.“ Тој смета дека судска истрага е неопходна, истовремено треба да се рестартира парламентарниот процес и да се избегнат меѓуетнички тензии.

– Снимките покажуваат јасни злоупотреби на моќта, но ЕУ не може да се изјасни без судска истрага. Дали судскиот систем во Македонија може да функционира самостојно или е потребна меѓународна помош, тоа е нешто што ЕУ треба да го одреди – рече Фејт.

Тој за холандската јавност објасни дека „во тек се преговори со посредништво на Европскиот парламент, во кои има обиди за постигнување договор, на пример, за транзициска влада која би ги вклучила сите политички сили и иницирање истрага.

Запрашан за меѓуетничките тензии, Фејт рече дека не треба да се драматизира.

– Разговарав со албанските лидери, кои ги познавам од порано. Тие немаат интерес во тоа. Веста за заложниците (Гошинце) може беше точна, но можеби беше провокација. Треба да се продолжи да се надгледуваат етничките односи, без да се заборави пошироката перспектива: Македонија треба да продолжи да оди по европскиот пат и да ги рестартира реформите. Комисијата препорачува да се почнат преговори за членство. Тоа претставува охрабрување за реформи. Спорот со Грција ги блокира тие преговори, иако постојат креативни решенија на маса. ЕУ е зафатена со илегалната миграција, со Украина, можеме и без уште едно жариште на Балканот 20 години по сите проблеми. Владата во Македонија треба да разбере дека мора да соработува со истрагата и со посредништвото и да престане да ги негира фактите – рече Фејт.

Тој го поздрави фактот што сите европски институции нудат помош во решавањето на политичката криза во Македонија и прават притисок врз Владата. Но, вели тој, „треба да се внимава да не се создаде одбивност кон Брисел и со тоа да се втурне земјата во рацете на Путин и на други“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...