fbpx

Трагедијата кај Велес ја врати Македонија во светските медиуми

-

Македонија неделава се најде во фокусот на светските медиуми поради три настани: инцидентот во Гошинце, погребниот венец испратен до новинарот Борјан Јовановски, како и синоќешното прегазување на 14 мигранти на пругата Велес – Скопје.

Трите инцидента, кои се случија во период од три дена, се најдоа во познатите светски медиуми, вклучувајќи ги и „Еуроњуз“, „Еј-Би-Си њуз“, „Хафингтон пост“, „Индепендент“, „Гардијан“ и „Вашингтон тајмс“. Информациите што се објавени се извештаи на познатите светски агенции „Ројтерс“, „Асошиејтед прес“, АФП и „Блумберг“.

Сепак, информацијата за загинувањето на сомалиските и на авганистанските мигранти предизвика поголем интерес кај светските медиуми, оти дојде по минатонеделната трагедија во Средоземно Море, во која се удавија околу 900 илегални мигранти, и по вчерашниот вонреден самит на ЕУ за справување со шверцот на луѓе во Средоземно Море.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...