fbpx

„Бомба“ во Гостивар: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ договараат партиски вработувања

-

СДСМ денска во Гостивар објави нови прислушувани материјали. Според Благојче Трпески, претседател на општинската организација на СДСМ во Гостивар во нив се говори за злоупотребите на државните компании во Гостивар за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ, за пазарот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за локалните избори, но и за партиските вработувања.

Во првиот разговор што беше објавен, Влатко Чингоски, директор на ЕЛЕМ, бара од Александар Левковски, директор на ХЕЦ „Гостивар“, да обезбеди возило за партиски потреби.

Во вториот разговор, соговорниците спорат околу работните места на Македонци и на Албанци во Гростивар. Тие посочуваат дека ги потврдуваат партиските вработувања во ХЕЦ „Маврово“, но и дека се оди дотаму што се примаат луѓе по партиска директива, иако нема ниту просторни услови, па дури ниту работа.

Во третиот разговор се слуша како Влатко Чингоски и Онер Јакупоски, директор на Националниот парк „Маврово“, договараат подобро работно место за претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Дебар.

Влатко Чингоски и Сашо Аќимовски, пратеник и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, разговараат за злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ на државните институции во Гостивар и за волонтирање во институциите за што е потребна согласност од партиската кадровска комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Аќимовски се жали што на списокот за примени волонтери во подрачните единици на ЕЛЕМ во Гостивар има повеќе Албанци од Македонци и дека тоа ќе биде пропаст за градот. Чингоски признава дека било договорено со ДУИ од 150 луѓе, 28 да бидат од таа партија.

Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков разговараат за проблеми во Гостивар. Таа вели дека имало проблем со „Индијанците“, но го решиле и му објаснува дека ѝ се јавил Муса. Зборуваат за тоа дека од некои небитни работи може да се направи голем проблем.

Во меѓусебен разговор на Антонио Милошоски и на Дарко Димитриески, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Гостивар, Димитриески признава дека изборната листа на советници од ВМРО-ДПМНЕ не е добра, дека нема луѓе со авторитет.

Според Димитриески, Руфи Османи реално бил фаворит на локалните избори. И Фатмир Бесими од ДУИ го потврдува пазарењето со ВМРО-ДПМНЕ, членовите на партијата да гласаат за кандидатите на ДУИ во Тетово и во Гостивар.

Никола Груевски и Силвана Бонева зборуваат за Законот за бранители. Груевски ѝ вели дека пред легнување му текнало една идеја, дури биле скарани со ДУИ, да го пуштат Законот за бранители во собраниска процедура. Тој додава дека кога ќе го предложат, „ќе го паркираат и ќе чекат момент кога ќе им треба ним некоја битна работа“.

Гордана Јанкулоска и Никола Груевски разговараат за Законот за бранители. Јанкулока вели дека Законот во Собранието повеќе е за ефект во јавноста.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...