fbpx

Заев: Имало злосторничко здружување на Груевски со газдите на медиумите

-

Во вториот блок аудиоснимки што денеска на прес-конференција ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во еден меѓусебен разговор Емил Стојменов и Мартин Протоѓер зборуват за анкета што е објавена во „Дневник“. Протоѓер го замолува Стојменов да не ја преземаат анкетата. Стојменов, пак, му вели дека не е во Скопје и слободно да го бара за да може да биде во тек.

Во следниот нивни разговор, зборуваат за тужбата со Грција. Протоѓер му кажува дека уредничката на „Канал 5“, Лидија Богатинова, го викнала во емисија Денко Малески. Стојменов му кажува дека ќе ѝ се јави на уредничката и дека ќе го тргне прилогот од програмата. Стојменов го прашува кого да викнат, на  што Протоѓер вели тоа да биде некој „нормален“.

Во третиот нивни разговор, Протоѓер го замолува Стојменов да го преземе интервјуто на „Нетпрес“ со Магаш и тоа да биде ударна вест во дневникот на телевизијата.

Во друга снимка од тие што денеска беа објавени во седиштето на СДСМ, Драган Павловиќ-Латас и Сашо Мијалков зборуваат за некоја ексклузивна вест. Мијалков му кажува на Латас каде да ја стави камерата затоа што осуденикот ќе го носат од задната врата.

Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, пак, зборуваат за Миленко Неделковски и за тоа дека пишува многу вулгарности. Јанкулоска му вели на Ставрески дека тоа е дрско и недозволиво. Ставрески, пак, ѝ објаснува дека е „тој тежок хоштаплер“ и дека требало да лежи во затвор.

Мартин Протоѓер инсистира кај Латас да го пушти целосно интервјуто на премиерот дадено за МИА. Латас му вели дека ќе го објави во „Вечер“.

Во друг нивни меѓусебен разговор, објавен денеска во рамките на проектот на СДСМ „Вистината за Македонија“, Протоѓер му се заблагодарува на Латас за објавен текст. Тој му кажува како видел дека некои луѓе околу нив се повлекуваат, но дека Латас изреагирал како што треба.

Латас и соговорник, пак, зборуваат за некој прилог што уредникот на „Сител“ треба да го направи во замена за бетон.

Латас и соговорникот зборуваат и за „Пуцко петрол“. Соговорникот го замолува да не го „рчкаат“, а Латас му вели дека можат да дојдат, да дадат реклама за телевизијата и дека нема повеќе да објавува за нив.

Емил Стојменов и Мартин Протоѓер зборуваат за некоја фактура и за данок на 400.000 евра. Стојменов му вели дека не можат тоа да го платат и дека земаат кредит за плати на вработените.

Во следниот нивни разговор, Протоѓер му кажува дека Груевски го нападнал Горан Трајковски затоа што не му го намалил долгот за данок. Протоѓер му кажува дека премиерот наредил да се реши тој проблем.

Латас со Иванов разговара за тоа како Груевски брзо реагирал и неговата сопруга ја ставил во управен одбор на ГАМА, каде што добивала плата од 1.000 евра.

– Очекувам оваа политика во медиумите да се промени. На ова зло мора да му дојде крајот. Ова зло мора да заврши – рече Заев на крајот од прес-конференцијата.

Тој потврди дека денеска се сретнал со поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, во седиштето на партијата.

Заев побара за случувањето во Гошинце одговорност да поднесат раководните луѓе на одбраната и на безбедноста во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...