fbpx

Меѓународните организации го осудија атакот врз Борјан Јовановски

-

Заканите со смрт упатени кон новинарот Борјан Јовановски во облик на погребен венец денеска наидуваат на низа реакции во Европа.

Реагираше Нилс Мужниекс, комесарот за човекови права на Советот на Европа, кој упати лична порака на солидарност кон Јовановски и кон неговото семејство и побара од власта да воспостави спокојна клима за новинарите да можат да работат слободно. Тој смета дека медиумската состојба е влошена.

– Ја изразувам сета моја солидарност со новинарот Борјан Јовановски и со неговото семејство кои добија смртна закана. Ова е многу сериозен инцидент, кој заслужува најголемо внимание од македонските власти. Медиумската состојба во земјата се влоши во последните месеци, овој случај дополнително дава причина за моја загриженост во тој поглед. Ефикасна и независна истрага мора да се случи за да се изведат виновниците пред лицето на правдата. Крајно време е македонските власти да вратат безбедна и спокојна клима за медиумите да работат слободно. Клучно е политичките лидери да испратат недвосмислена порака дека заканите, заплашувањата и насилството против новинарите се неприфатливи и ќе бидат казнети – вели Мужниекс.

Реагираше и претставничката на ОБСЕ за слобода на медиуми, Дуња Мијатовиќ, на својот твитер-профил, нарекувајќи го нападот неприфатлив и срамен.

Реакција пристигна и од Европската федерација на новинари, која потсетува дека не е првпат новинари во Македонија да добиваат закани со смрт.

„Владејачката партија со години создадава атмосфера на омраза кон независните новинари. Новинарите кои се критични кон владејачката паритја често се нарекувани „предавнници“ или „странски шпиони“. Говорот на омраза кон новинарите никогаш не бил осуден политички од владејачката партија, ниту била поведена правна постапка. Ова мора да запре“, се вели во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...