fbpx

„Бомба“ за медиумите: Ги преполниле со партиски и неспособни луѓе

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на почетокот на денешната прес-конференција, рече дека објавува аудиодокази зошто МРТ пренесува информации кои немаат врска со реалноста и како избирале новинари кои сервилно служат на Груевски.

– Денеска го отвораме и пакетот кој ќе ја покаже спрегата на Никола Груевски и со приватните медиуми, за контролата врз газдите на „Канал 5“ и на „Сител“, Емил Стојменов и Горан Иванов. Ќе видите до каде овие сопственици на телевизии се подготвени да се свиткаат пред Никола Груевски само за да му се додворат и да добијат некој бизнис. Ќе видите како тоа се прави преку главните уредници на телевизиите, Драган Павловиќ-Латас и Лидија Богатинова – рече Заев.

Тој порача дека денеска „Вистината за Македонија“ почнува на граѓаните да им го враќа правото да ја знаат вистината за медиумите.

Претходно, тој упати остра осуда за заканите кон Борјан Јовановски.

– Во име на СДСМ и лично име, дозволете да го осудам гнасниот, кукавички потег врз новинарот Борјан Јовановски и неговото семејство. Да се испрати погребен венец на критичар на состојбите, е црвен аларм за сите свесни и совесни луѓе во Македонија за обврската да ѝ попречиме на власта да го реализира тоа лудило. „Испровоцирај етнички тензии и удри по новинарите и неистомислениците“. Бараме од професионалците во институциите, за кои знаеме дека постојат, да не се двоумат, туку да се одважат и да постапат како граѓани и како професионалци. Мора да бидат откриени сторителите – рече Заев.

Никола Груевски и Гордана Јанкулоска зборуваат за вработување на дописници на МРТВ  во Атина и во Вашингтон. Груевски ја прашува дали има спремено луѓе. Јанкулоска го известува дека има список во тефтерот и му чита имиња на новинари кои би можеле да бидат ставени на тоа место.

Мартин Протоѓер и Јанкулоска зборуваат за конкурсот во МТВ. Протоѓер ѝ вели дека треба да стават нивни кадри кои ќе ја зајакнат телевизијата. Јнакулоска му одговара дека сите што се пратени за да се вработат во телевизијата се кадри испратени од комитетите. Таа вели дека за да се засили јавниот сервис, мора да бидат луѓе со капацитет. Протоѓер инсистира да се прекине конкурсот и да се пушти нов.

– Полунормални се луѓево, ај у водовод. Ги преполнивме институциите со неспособни луѓе. Емче у фитосанитарна може да иде – вели Протуѓер.

Јанкулоска во еден од разговорите со соговорник зборува за вработувањето на една новинарка во спортската редакција на јавниот сервис.

Миле Јанакиески и Никола Груевски зборуваат за радио „Гостивар“. Јанакиески му зборува за долг на радиото и дека треба да оди во стечај. Вели дека на луѓето најбитно им е да земат плата. Груевски му предлага да се даде радиото на некого од Унијата на млади сили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...