fbpx

СДСМ-бомба од Велес: На сметката на Ивона Талевска требало да легнат 1,3 милион евра

-

На прес-конференција на претседаталот на општинската организација на СДСМ од Велес, Панче Иванов, денеска објави снимки за три скандали во кои се инволвирани Никола Груевски и неговите соработници.

Првиот е за фирмата на новинарката и уредничка Ивона Талевска, „Визарис“, во кој самата признава дека на сметка „ќе ѝ легнат повеќе од милион евра“, потоа за случајот „Сопот“, како и за скандалот со синот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, кој беше фатен со дрога во Грција на граница и како власта се обидела тоа да го заташка со знаење на Никола Груевски.

Во првата снимка се слуша како Драган Павловиќ-Латас и Ивона Талевска разговараат за пресметка за тендерот за „Визарис“. Талевска вели дека ќе им каже парите да ги префрлат преку неа за да не ѝ земаат провизија. Зборуваат за пари кои треба да легнат на сметки на телевизијата „Сител“ и на весникот „Вечер“. Талевска вели дека првите пари за „Визарис“ треба да стигнат на крајот на 2013 година. Таа му зборува на Латас за решение како може да преживее нејзината фирма и му кажува дека треба да ѝ легнат еден милион и триста илјади евра.

Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков зборуваа за тоа како министерот за правда, Блерим Беџети, бара ургенции во судство за повеќе предмети, па и за случајот „Сопот“. Тој ја прашува Јанкулоска дали нешто договарале за „Сопот“. Јанкулоска му одговара дека ништо прецизно не договориле затоа што за тоа имало комисија во Собрание. Таа му кажува дека цела комисија била кај неа. Му објаснува дека немало документи и дека во МВР немало никаква документација за тоа, се било исчистено. Мијалков ѝ вели дека „тие имаат окапано во затвор“, имаат одлежено и сега, ако се повлечат обвиненијата, тие одлежале и вака и така. Мијалков ѝ вели дека е убеден дека тие се сторителите. Јанкулоска му вели дека во нивно време паднала пресуда, а во затвор влегле во друго време, со друга политичка гарнитура. Таа му објаснува дека „не го монтирале тие“.

Гордана Јанкулоска и Никола Груевски зборуваат за синот на Трајко Вељноски, кој беше фатен со дрога на границата со Грција. Таа му објаснува дека „има шанси да го пуштат Грците, оти за мало количество реално не се оди во затвор, ама е скандал за нас“. Таа објаснува дека „треба да го пуштат и никаде да не запишуваат“. Јанкулоска го информира дека му го претресувале автомобилот во кој имал и нож.

За вечерва во Велес е закажан и протестен марш на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...