Гошинце: Местенка, порака или тероризам?

-

„Крајно невообичаена ситуација, која изгледа и несериозно. Да не стануваше збор за државата, би било смешно“, вели за „Мета“ универзитетскиот професор Владимир Пивоваров, во врска со денешниот инцидент на караулата Гошинце, што Министерството за внатрешни работи (МВР) го оквалификува како „терористички напад врз државните институции“.

– Во светот се познати  доста методи на дејствување. Но, не и ваков, во кој се вели „дојдоа да пренесат порака и ни порачаа да ја пренесеме“. Обично се задржуваат дел од заложниците, а еден или двајца се пуштаат да ја пренесат пораката, а не сите. Тоа е караула за чување на државната граница, со соодветна опрема и со вооружување. Чудно е како групата ја зазела караулата без притоа да наиде на отпор. Ако е така лесно, кој било може да ги заземе овие пунктови. Крајно невообичаено – вели Пивоваров.

Професорот, кој е кумановец по потекло, вели дека и неговите пријатели од албанска националност се вчудовидени од ситуацијата.

– Имавме неколку ситуации досега и редно време е институциите да се одважат и да си го работат тоа за што сите ги плаќаме. Премногу скапо нè чинат – додава професорот.

Генералот Стојанче Ангелов за „Мета“ вели дека останува на изјавата дадена пред две недели на еден од протестите пред зградата на МРТВ, на која предупреди за можен инцидент во липковскиот регион.

– Најверојанто зад ова повторно ќе застане УЧК, како што беше случајот и по нападот на владата. Но, тоа што командантот на УЧК е жив и здрав и е во голема љубов со Никола Груевски, исклучува секаква можност УЧК да направи што било без знаење на Али Ахмети. Тоа значи дека во случајот постојат две можности: дека ова е договорено меѓу Никола Груевски и Али Ахмети или, пак, станува збор за криминална банда која го злоупотребува името на УЧК поради финансиски мотиви. Јас верувам дека е ова второто – изјави за „Мета“, генерал Ангелов.

Поранешниот припадник на ОНА од липковскиот регион, Абедин Зимбери, во изјава за „Радио Слободна Европа“, вели дека инцидентот за кој известуваат медиумите е сценарио на Владата, на Груевски, како и на Министерството за внатрешни работи.

– Сигурно планира некое сценарио за да може да го дефокусира вниманието на граѓаните и да се спаси од она што се случува. Велам дека ова нема да им успее затоа што граѓаните не сакаат војни, сакаат мир, перспектива, сакаат работа, да живеат – изјавил Зимбери за „РСЕ“.

Во трагедијата животите ги загубија четворица музичари од групата ДНК

Андреј Ѓоргиески, познатиот вокал од дуото ДНК, препознатлив во јавноста и по својата хуманитарна работа, денеска им подлегнал на повредите со кои се здобил синоќа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Владата прогласи седумдневна жалост

Владата денеска одржа вонредна седница по трагичниот настан во  Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на целата држава. Седница...

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на коруптивен начин....

Осомничени повеќе од 20 лица, меѓу нив и организаторите на настанот во кој загинаа 59 деца

Повеќе од 20 лица се осомничени, а 15 се наоѓаат во полициска станица во врска со трагичниот настан синоќа во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица. Министерот Панче Тошковски...

Во трагедијата животите ги загубија четворица музичари од групата ДНК

Андреј Ѓоргиески, познатиот вокал од дуото ДНК, препознатлив во јавноста и по својата хуманитарна работа, денеска им подлегнал на повредите со кои се здобил синоќа во пожарот во дискотеката...