fbpx

Предлогот за закон за мораториум на „бомбите“ влегува во изборниот пакет?

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за донесување закон во Собранието по скратена постапка со кој би се забранило објавувањето на прислушуваните разговори, може да стане дел и од пакетот изборни закони за кои се преговара на средбите на работните групи. Како што дознаваме, вчера, сепак, е...

Законот против „бомбите“ веќе е на второ читање!

Предлог-законот за забрана на „бомбите“ на опозицијата на веб-страницата на Собранието осамна веднаш на второ читање, иако денеска штотуку беше најавен. Од Собранието ни соопштија дека законот се носи по скратена постапка и поради тоа е прескокнато првото читање и директно се оди во комисиите и на...

Шилегов: Многу се исплашени од прислушуваните разговори

Коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, по сè изгледа, се многу исплашени од прислушуваните разговори штом со закон бараат да се забрани нивното објавување и реобјавување, изјави на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов. Како што посочи Шилегов, денешното поднесување на предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ и на...

Женското лоби побара од Хојте да се избори за поголеми квоти

Одговарајќи на новинарско прашање како течат преговорите и дали денеска очекува работните групи на политичките партии да постигнат договор за изборните закони, белгискиот олеснувач Питер ван Хојте рече дека одговор на ова прашање ќе има или доцна вечерва или утре наутро. Додека белгискиот олеснувач влегуваше...

Заев ќе им се приклучи на работните групи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе се приклучи на денешниот состанок на работните групи, на кој треба да биде постигнат договор за изборната регулатива, како што е предвидено со Договорот од Пржино. Ова денеска на прес-конференција го потврди самиот Заев. Денеска е последниот ден од...

Заев: Не ни требаат валканите пари што ни ги нудат

Не ни требаат валкани пари, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на новинарско прашање дали бизнисмените се охрабриле финансиски да ја помогнат партијата. Тој рече дека такви пари, какви што досега му понудиле, не сака да прифати и ќе чека дали ќе се охрабрат вистинските...

„Пуч“ повторно одложен: Заев ја признава само Катица Јанева

Рочиштето со кое официјално требаше да почне судскиот процес „Пуч“ денеска повторно се одложи, поради тоа што не беше присутен четвртообвинетиот, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Адвоктот на одбраната, Филип Медарски, пред судот рече дека причина за денешното отсуство на Зоран Заев, и покрај примената...

Повеќе закони на денешната 67. седница на Собранието

Собранието на Република Мкаедонија денеска треба да ја продолжи 67. седница. На дневен ред на седницата, меѓу другите, се предлог-законите за изменување и за дополнување на законите за катастар на недвижности, за процена, за медијација, за вештачење, за Академијата за судии и јавни обвинители,...

Ватикан не реагира на изградбата на скапиот споменик на Мајка Тереза

На полоштадот Македонија почна изградбата на спомен-облежјето на Мајка Тереза, кое ќе биде високо 32 метри и за кое од буџетот ќе бидат издвоени 5 милиони евра, без вклучен ДДВ. Кога во средината на јуни Министерството за култура го објави тендерот за изградба на споменикот,...

Дваесет години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров

Пред дваесет години на денешен ден, 3 октомври 1995 година, беше извршен атентат на претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. Извршителите на обидот за убиство на престедателот сè уште се непознати. Нападот врз Глигоров беше извршен со...

Грција од ноември со нови предлози за преговорите за името?

Американскиот државен секретар, Џон Кери, сугерирал дека Грција треба да се обиде од ноември да направи нови предлози во преговорите за името, пренесуваат грчките медиуми. Според информациите на телевизијата „Мега“, грчката страна одговорила позитивно, но истакнала дека овие обиди ќе бидат попусти ако македонската...

Неуспешна иницијативата за спас на зеленилото во Карпош 4

Граѓанската иницијатива за спас на зеленилото во населбата Карпош 4 не успеа да собере доволно потписи за запирање на процесот на донесување на деталниот урбанистички план (ДУП) за населбата Карпош 4, со кој е предвидено да се изградат станбени објекти и паркиралишта на местото на...

Груевски ќе говори на Генералното собрание на ОН и ќе се сретне со Бан Ки-мун

Премиерот Никола Груевски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк и ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Една од темите на средбата со генералниот секретар на ОН се очекува да биде и спорот за името. Груевски пред неколку...

Македонија ќе добие препорака за преговори, но и остри критики од Брисел

Македонија во извештајот за напредокот на земјата во интеграциите кон ЕУ, ќе добие препорака за преговори, дознава „Мета“. Препораката, според високите владини извори, не била спорна, особено зашто веќе е почната реализацијата на Договорот од Пржино, односно изборот на специјален јавен обвинител. Сепак, извештајот, во...

Иницијативата за спас на зеленилото во Карпош 4 досега собра 2.300 потписи

На последниот ден од рокот за потпишување на иницијативата за спас на зеленилото во населбата Карпош 4, до 10 часот утринава, потпишани се 2.300 жители на Карпош. За акцијата да биде успешна, потребно е до крајот на денот да се потпишат вкупно 5.900 граѓани. На социјалните...

Адвокатите и судиите поделени околу тимот на Катица Јанева

Тимот кој специјалната обвинителка, Катица Јанева, го избра да работи со неа на материјалите што произлегуваат од прислушуваните разговори, предизвика различни реакции кај адвокатите и кај поранешните обвинители. Дел од нив се резервирани, а дел задоволни од изборот и очекуваат резултати. - Одличен е тимот, тоа се луѓе кои...

Калајџиев и Најчевска: Тимот што го избра Јанева нема да успее

Изборот на тимот обвинители што денеска го претстави специјалната обвинителка Катица Јанева, предизвика скептични коментари кај експертите дека тие можат нешто да сторат и да процесуираат некој предмет. Според професорот Гордан Калајџиев, кој беше во потесниот избор за функцијата што ја доби Јанева, но отпадна во...

Работните групи претрупани од нови предлози, работата закочена

Работните групи, најверојатно, ќе го чекаат последниот ден од предвидениот рок за да ги решат прашањата поврзано со изборните закони. Како што дознава „Мета“, од една политичка партија постојано се поднесуваат нови предлози, па дури и за работи кои начелно биле решени. Сето тоа, велат нашите...

Швајцарски модел: Ист правен статус на сите официјални јазици

Вицепремиерот задолжен за Рамковниот договор, Муса Џафери, на прес-конференција рече дека најдобар начин за спроведување на Рамковниот договор е примерот на Швајцарија, во кој сите етнички заедници ги зборуваат сите три јазика. Еве што предвидуваат швајцарските закони: Швајцарското уставното право се заснова на четири клучни принципи:...

Аналитичарите за предлогот за швајцарскиот модел: Да не се вметнува етничка агенда во Пржино

Инсистирањето на швајцарски јазичен модел, кој, според вицепремиерот Муса Џафери, е најдобар за имплементација во Македонија, е неприфатлив за македонските аналитичари. Професорот Љубомир Фрчкоски смета дека ДУИ и ДПА воопшто не се снаоѓаат во борбата против апсолутистичкиот концепт на власт. - Со ова барање, ДУИ се...

Стара невистинита вест дека пијан Србин убил ајкула во Египет, преку руски медиуми стаса и кај нас

Уште во 2010 година Дејли Мејл пишува за лажниот настан на српски турист, кој убил ајкула која ги плашела туристите во египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик. Приказната станала интернет...