fbpx

Грција од ноември со нови предлози за преговорите за името?

-

Американскиот државен секретар, Џон Кери, сугерирал дека Грција треба да се обиде од ноември да направи нови предлози во преговорите за името, пренесуваат грчките медиуми. Според информациите на телевизијата „Мега“, грчката страна одговорила позитивно, но истакнала дека овие обиди ќе бидат попусти ако македонската страна не покаже еднакво силна волја за компромис.

На состанокот, наводно, било посочено дека не би имало никаква поента грчката влада да поднесе нови предлози доколку владата на Никола Груевски одлучи да не се помести од нејзините позиции.

Според телевизијата „Стар“, Кери му предложил на Ципрас да поднесе нови предлози за преговори и за решавање на спорот од ноември натаму, на што грчкиот премиер се обврзал дека ќе се обиде да направи чекор во таа насока.

За прашањето се интересирал и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, кој истакнал дека ќе направи притисок за да се најде конечно решение за отвореното прашање меѓу Македонија и Грција.

Коментарите од грчките владини редови посочуваат на можноста работите да може да се придвижат во позитивна насока од ноември натаму. Висок владин извор за грчките медиуми изјавил дека самиот факт што Грција има волја да се најде решение, претставува еден вид притисок и до македонската страна за да се направат чекори напред кон затворање на спорот.

„Во Скопје почнуваат да ја разбираат безизлезноста на ситуацијата. Без решение немаат перспектива во НАТО и во ЕУ. Една малечка држава, за да има перспектива, мора да има развојни соработки со соседните држави“, изјавил висок владин извор за „Стар“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...