fbpx

Руски авиони урнаа команден центар на ИД

-

Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека авиони „сухој-34“ уништиле команден центар на Исламска држава и центар за обука на бунтовниците во Сирија, јавија руските медиуми.

Руските сили погодиле вкупно 12 цели што ги држи ИД.

Портпаролот на министерството додаде дека во нападите целосно е уништена инфраструктурата во сириското подрачје во кое се обучувале „терористи“ кај Алепо и кај Идбило.

Уништен е командниот центар на ИД во покраината Хами.

Американските власти се сомневаат дека Русија во Сирија испратила најмалку четири најнови бомбардери „сухој-34 фулбек“ во Тартус. Овие авиони можат прецизно да бомбардираат од висина поголема од н5.000 метри, што ги прави неранливи за противвоздушната одбрана на сите завојувани страни во Сирија, освен силите кои се борат на страна на Башар ал Асад.

Авионите можат да носат бомби и до осум тона, имаат два пилота и максималниот долет им е 4.000 километри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека Украина нема црква

Во Украина 72 проценти од населението се декларира како православно, но после руската воена инвазија врз Украина, се појави анимозитет меѓу верниците кои припаѓаат на различни православни цркви. Едната...