fbpx

Швајцарски модел: Ист правен статус на сите официјални јазици

-

Вицепремиерот задолжен за Рамковниот договор, Муса Џафери, на прес-конференција рече дека најдобар начин за спроведување на Рамковниот договор е примерот на Швајцарија, во кој сите етнички заедници ги зборуваат сите три јазика.

Еве што предвидуваат швајцарските закони:

Швајцарското уставното право се заснова на четири клучни принципи: еднаквост меѓу јазици, слобода на граѓаните во поглед на употребата на јазикот, територијалност на јазиците и заштитата на малцинските јазици.

Официјалните јазици на Конфедерацијата се германски, француски и италијански јазик. Ретороманскиот, исто така, е службен јазик за односи со лица што го говорат тој јазик. Органите на Конфедерацијата ги користат службените јазици во нивната стандардна форма.

Принципот на еднаквост им дава на трите главни официјални јазици на конфедерацијата ист правен статус. Слободата на изразување им дава право на швајцарските државјани да го употребуваат јазикот што го сакаат, но во практика, пресудите изречени од федералните судови секогаш ја фаворизираат територијалноста во споредба со слободата на изразување.

Сите официјални јазици може да се користат во федералниот парламент во Берн. Членовите на парламентот зборуваат на јазик по свој избор.

Во Сојузниот парламент има симултан превод за француски, германски и за италијански јазик. Сите закони се објавуваат на трите јазици.

Според Федералниот јазичен акт на Швајцарија, службените јазици се употребуваат од федералните власти и во односите со нив.

Централната администрација е тријазична (германски, француски, италијански).

Административците одговараат на јазикот што го користат граѓаните, без разлика дали станува збор за писмена или усна комуникација. Покрај тоа, администрацијата мора да го користи и ретороманскиот јазик при обраќање на тие што говорат реторомански.

Сепак, во децентрализираните канцеларии, администрацијата говори по принципот на територијалност, односно на официјалниот јазик на кантонот.

Секој што се обраќа на државните органи може да го стори тоа на службениот јазик по негов избор. Управата е должна да одговори на службениот јазик што го користи нејзиниот соговорник. Тие можат да одговорат и на друг службен јазик, со согласност на тоа лице.

Претставници во парламентарните комисии и совети се изразуваат на службениот јазик по свој избор. Извештаи, нацрт-закони и предлози за работата на собраниските комисии и совети се достапни на германски, француски и на италијански јазик.

Властите на германски, француски и на италијански јазик ги објавуваат и документите чие објавување е пропишано со сојузен закон и документи, кои се од национално или поголемо политичко значење.

На четирите официјални јазици се изработуваат и личните документи, меморандумите и ознаките што се појавуваат на објекти на одделенијата на Конфедерацијата и веб-страница на Конфедерацијата.

Во македонскиот устав, во член 7, кој се однесува на јазикот стои:

Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
Во единиците на локалната самоуправа во кои како мнозинство живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите на начин утврден со закон.

Во единиците на локалната самоуправа во кои како значителен број живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите, под услови и на начин утврдени со закон.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...