fbpx

Албанскиот дел од Охридско Езеро под патронат на УНЕСКО

-

Претставници од УНЕСКО, од ЕУ, од работните тела од Проектот за заедничко управување со културното и со природното наследство на охридскиот регион, како и од централните и од локалните власти на Република Македонија и на Република Албанија, в петок, на 2 октомври, ќе учествуваат на состанок во Охрид посветен на прекугранична платформа, а на кој ќе се договара ставањето на албанскиот дел од езерото под патронатот на УНЕСКО.

На средбата е предвидено да се разговара за главните фактори што неповолно влијаат на природното и на културното наследство на охридскиот регион, пред сè на прашањата на прекумерната и неконтролирана урбанизација, третманот на отпадот, миграциските процеси, како и прекумерното искористување и уништување на природните ресурси.

Две третини од Охридското Езеро што се на македонска страна од границата, уште од 1989 година се впишани на листата на заштитени природни реткости на УНЕСКО. Неговата заштита ќе биде дополнително засилена со проширувањето на заштитата и на преостанатиот дел од езерото што ѝ припаѓа на Албанија.

Токму овој проект има цел да ги поддржи напорите на институциите на државата во подготвувањето на номинацијата за проширувањето на зоната на заштита на езерото од двете страни на границата.
Состанокот на прекуграничните платформи има цел подобрување и унапредување на билатералната соработка меѓу претставниците на сите чинители од македонска и од албанска страна, од локалните и од националните власти и институции, преку туристичките сектори, сè до институциите задолжени за рурален и за урбан развој, за заштита на културата, природните богатства, управувањето со ресурсите.

Основите на активностите на регионално ниво насочени кон балансирана заштита на природните и културните богатства преку одржлив развој, воспоставени се уште во 2005 година, преку Билатераланиот договор за заштита на Охридското Езеро и неговиот слив. Проектот за Билатерална заштита е координиран од УНЕСКО, во соработка со владите на двете држави, како и трите советодавни тела што произлегуваат од Конвенцијата на УНЕСКО за светското наследство. Истиот е финансиран од Владата на Република Албанија, како и со значајна финансиска поддршка на Европската унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...