fbpx

Џафери: Швајцарскиот јазичен модел би бил најдобар за Македонија

-

Наредните месеци, до Нова Година, работни групи ќе прават анализа на функционирањето на Рамковниот договор, а податоците ќе се соопштат на меѓународна конференција, која ќе се организира во декември. Ова е заклучокот од денешната конференција посветена на Рамковниот договор, на која присуствуваа вицепремиерот на Република Македонија задолжен за Рамковниот договор, Муса Џафери, Питер Фејт од Институтот за мир и амбасадорката на ОБСЕ во Република Македонија, Нина Суомалајнен.

Според Џафери, најдобар начин за спроведување на Рамковниот договор е примерот на Швајцарија, во кој сите етнички заедници ги зборуваат сите три јазика.

– Доколку се успее да се постигне ова ниво, би се поштедиле од многу националистички говори. Рамковниот договор треба да послужи во отворени можности на Македонија за членство во ЕУ. Работните групи ќе работат на конципирање на политичките реформи за земјата да се приближи до Брисел – изјави Џафери.

Џафери немаше одговор на прашањето зошто сè уште не е завршен процесот потпишан од политичките партиите од Рамковниот договор и истакна дека тоа е долг процес, за кој треба трпение.

Шефицата на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалајнен, е задоволна од успехот на Рамковниот договор.

– Ја поддржуваме анализиата која Владата треба да ја направи за спроведувањето на Рамковниот договор. Сакаме појасно да ја видиме мултиетничката кохезија. Исто така, сметаме дека треба да се најдат нови модалитети, кои би се вклопиле во трендовите, како што е владината стратегија за интегрирано образование – изјави Нина Суомалајнен.

За Фејт, договорот е многу добра основа за напорите на Македонија за влез во ЕУ.

– Еврокомесарот Хан беше во Скопје и многу јасно посочи дека спроведување на Раковскиот договор ќе ја приближи Македонија до ЕУ. Сепак, потребно е време за негово целосно спроведување – изјави Фејт.

На новинарско прашање, зошто од секретаријатот за Рамковниот договор се целосно затворени и нетранспарентни за прашања за спроведувањето на договорот, Џафери рече дека можеби работните групи работеле на анализа од собраните податоци. Тој истакна дека во периодот што следува ќе бидат достапни за предлозите кои ќе ги добиваат во пресрет на меѓународната конференција, која треба да се случи во декември.

Џафери не сакаше да одговори на новинарското прашање за тоа колку Албанци се вработени во државната и во јавната администрација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...