Неуспешна иницијативата за спас на зеленилото во Карпош 4

-

Граѓанската иницијатива за спас на зеленилото во населбата Карпош 4 не успеа да собере доволно потписи за запирање на процесот на донесување на деталниот урбанистички план (ДУП) за населбата Карпош 4, со кој е предвидено да се изградат станбени објекти и паркиралишта на местото на дрвјата и на зеленилото.

На иницијативата се потпишале 2.600 жители, а за успешна акција потребни беа потписи од 5.900 граѓани.

– 2.600 мотивирани луѓе од цел Карпош се многу голема бројка. Без разлика дали граѓанската иницијатива формално успеала или не, советниците и градоначалникот се должни да го земат ова големо незадоволство предвид. А ние продолжуваме понатаму. Многу сме, преку глава ни е и не го даваме Карпош 4, не го даваме Карпош, не го даваме Центар, не ја даваме Кисела Вода. Сите што сакаат или поддржуваат сечење дрва, нека имаат предвид дека си ја сечат гранката на која седат – пишуваат жителите на Карпош на социјалните мрежи.

Подносителите на иницијативата ќе ги достават потписите до Советот на Општина Карпош, кој законски ќе мора да се изјасни во наредните 30 дена.

Градоначалникот на општина Капрош, Стевчо Јакимовски, рече дека потребните потписи не биле собрани затоа што граѓаните не поверувале на лагите на СДСМ дека Општината ќе го исече зеленилото.

– Потребниот број потписи не се собрани, беа потребни шест и пол илјади потписи, собрани се само нешто повеќе од 2.500 потписи. Граѓаните на општина Карпош не поверуваа на лагите на Социјалдемократскиот сојуз, дека Општина Карпош ќе отиде во населбата Карпош 4 и ќе исече дрвја и ќе го уништи зеленилото. Тоа се навистина лаги што ни на крај памет не ѝ паѓаат на локалната самоуправа, туку, напротив, ние носиме урбанистички план кој е за потребите на граѓаните. Одговорно тврдам дека ниту еден квадрат зеленило и ниту една тревка нема да биде уништена во Карпош 4 – изјави Јакимовски за телевизија „Канал 5“.

Собрањето потписи за враќање на деталниот урбанистички план во фаза на анкета и на јавна расправа, за жителите да можат да учествуваат во одлуките на Општината, се одвиваше од 16 септември до 1 октомври, во просториите на Државна изборна комисија – Карпош во Козле.

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат основани сомнежи...

Македонија го активираше ЕУ-механизмот за помош во справување со пожарите, Грција испраќа два канадери и пешадиски тимови

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, попладнево на прес-конференција информираше дека поради сериозноста на ситуацијата со шумските пожари низ државата, активиран е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. „Денес е активиран...

Делумно нормализиран сообраќајот кон Блаце, пуштена за сообраќај и скопската обиколница

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека скопската обиколница е целосно пуштена за сообраќај, а од 17:20 часот денеска сообраќајот кон Граничниот премин Блаце е повторно отворен, но само за патнички...

Основното јавно обвинителство издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово

Основното јавно обвинителство Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи, како и со Здружението на новинари со цел итно обезбедување на сите докази во врска со информациите дека екипа...

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат...