fbpx

Два протести против изградбата на висококатниците кај „Алумина“

Едниот протест беше организиран од иницијативата „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“, а другиот од Левица; двата протести истакнаа дека дел од парцелата влегува во границите на зградата споменик Воена Болница, која е заштитена како културно наследство

-

Денес излегоа граѓани да протестираат против планираната изградба на 17-катница во близина на болницата „8-ми септември“. Всушност, станува збор за два протеста – едниот се одржа на платото пред СРЦ „Борис Трајковски“ во организација на иницијативата  „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“, со поддршка на голем дел граѓански организации и здруженија, а другиот се одржа во близина на самото градилиште и беше организиран од Левица.

Двете групи бараа да биде поништена градежната дозвола за комплексот висококатници, велејќи дека ти се градат на заштитено подрачје. Имено, дел од парцелата влегува во границите на зградата споменик Воена Болница, која е заштитена како културно наследство.

Организаторите на протестот „Независни за Карпош“ бараат да се поништи позитивното мислење на конзерваторскиот центар донесено под раководството на поранешниот директор Константин Димитров, кој сега е во домашен притвор поради соучество во уривањето на хотелот „Шар ан“ во скопската чаршија, кој исто така бил заштитен како културно наследство. Жалбата во министерството за култура е поднесена уште пред два месеца.

„Стоп за бетонизација“, „Министерство за култура одлуки веднаш“, „Правда пред профит“, „Карпош не е Чикаго! Не е Дубаи“, „Преку Стевче ни е!“ беа дел од паролите кои можеа да се чујат на протестите. Последните две пароли алудираат на изјавата на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски во кои тој вели дека зградите кај „Алумина“ претставуваат современи објекти како што има во Дубаи, Чикаго, Торонто, Виена, Софија и во Белград.

На протестот се обрати и Бранко Ристов од Левица, претседателот на Советот на Општина Карпош.

„Морам да ве известам дека Советот застана против овие згради. Сето ова е изгласано уште 2021 година, но нашата волја не е слушната. Се потрудивме најмногу што можеме да се донесе суспензија со план да се донесе ревизија за да сопре ова лудило. До ден денес не ми е јасно кој потпишал вакви проекти. Овој простор е предвидено да биде болнички комплекс, која безбедност ќе се осигури за нашите сограѓани ако не може да стигне до болница. Тука се сервисни улици за да се стигне до болниците, а потоа е заштитено подрачје“, рече Ристов на протестот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...