недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Карпош | 44 резултати

Институциите на системот потфрлија и имаат голем уддел во смртта на мајката и ќерката во Карпош

март 3, 2026

Повеќе сосетки и братот на починатата мајка, која вчера го изгуби животот заедно со нејзината малолетна ќерка, упатуваат на непостапување на системот по години на семејно насилство кое го трпеле жртвите

Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор

април 23, 2025

Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за предметот против Стевчо Јакимовски, кого го прогласи за виновен заедно со уште едно обвинето лице кое е поранешен вработен во Општина Карпош. Во соопштението од кривичен се вели дека предвидената казна за ова дело е од 3 до 8 години затвор, но имајќи ја предвид намената […]

[Инфографик] Колку е загаден воздухот во Скопје од почетокот на грејната сезона?

ноември 10, 2024

Податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање, добиени од мерните станици поставени во скопските општини, покажуваат дека загадувањето на воздухот со ПМ10 честички е зголемено речиси двојно од почетокот на грејната сезона на 15 октомври 2024 година. Традиционално, најзагадена населба и оваа сезона е Лисиче, која на денот на почетокот на сезоната бележи […]

Два протести против изградбата на висококатниците кај „Алумина“

февруари 3, 2024

Денес излегоа граѓани да протестираат против планираната изградба на 17-катница во близина на болницата „8-ми септември“. Всушност, станува збор за два протеста – едниот се одржа на платото пред СРЦ „Борис Трајковски“ во организација на иницијативата  „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“, со поддршка на голем дел граѓански организации и здруженија, а другиот […]

Мајка го оставила бебето само во количка, минувачи пријавиле на полицијата

декември 20, 2023

Полицијата во Скопје имала невообичаена интервенција вчера, откако минувачи пријавиле дека е откриена количка со бебе во неа, покрај која немало никој. Како што соопшти МВР, во 14:40 часот била примена пријава дека на подрачје на Карпош била пронајдена бебешка количка во која имало бебе и на која имало оставено телефонски контакт и медицински извештаи […]

Пријава за непознат сторител кој исекол електрични и комуникациски кабли на Железнички Мост

мај 19, 2023

Градските власти заедно со локалните во општината Карпош, поднеле пријава против непознат сторител кој оштетил јавен имот, откако на т.н. „Железнички Мост“ во општина Карпош на булеварот „Васил Чакаларов“, синоќа исекол и оштетил електрични и комуникациски кабли. „Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но, ако судиме по […]

Мета факт: Младите брачни парови не добија можност да изградат свој дом на Зајчев рид

април 18, 2023

Во Програмата за работа на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за периодот од 2021 до 2025 година, именувана како „Моќен сојуз, јас и вие“, има ветување дека за цена од максимум 350 евра за метар квадратен, младите брачни парови ќе може да изградат сопствен дом на локацијата Зајчев рид. Мета доби потврда дека до […]

Со огнено оружје во Карпош убиенo e маалското куче Тоби

февруари 27, 2023

Во скопската населба Карпош, кај Млечниот ресторан, утринава со огнено оружје бил убиен маалскиот миленик Тоби, за кој долго време се грижеле жителите. Според сведоштвата на активистите и лицата кои го пријавиле случајот, кучето било застрелано помеѓу 8:30 и 9 часот утринава. Убиството го потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 27.02.2023 во […]

Дојава за бомба во две основни училишта во Скопје, учениците евакуирани

декември 1, 2022

Покрај дојавите за бомба во осум средни скопки училишта, денеска за прв пат откако се испраќаат серија лажни закани, порака за поставен експлозив стигна и во основните училишта „Петар Поп Арсов“ и „Кочо Рацин“. Денеска по 15 часот, на електронската адреса на основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4, стасал мејл со заканувачка содржина […]

Вистиномер: Карпош не го доби ветениот голем парк со ботаничка градина

септември 30, 2021

Во изборната програма „Живот во Скопје, за сите“ со која градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов се претстави на локалните избори во 2017 година, вети нов градски парк со ботаничка градина „за нови зелени простори во Карпош“, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Ветување: Нов градски парк со ботаничка градина Како логичен продолжеток на […]

Ќе се испитуваат изворите на загадување на воздухот во Карпош и Лисиче

октомври 28, 2020

На две локации во општините Карпош и Аеродром во Скопје во следната година ќе се мониторира квалитетот на воздухот за да се утврдат изворите на загадувањето. На овие локации, во рамките на проектот „Справување со загадувањето во Скопје“, поставени се уреди кои во следните 12 месеци ќе собираат примероци од воздухот 24 часа на ден. […]

Богоев бара полициска контрола за справување со палењето на депонијата кај СЦ „Борис Трајковски“

септември 18, 2020

Со механизација и вонредни дежурства на комунални редари, Општина Карпош ќе ја расчистува депонијата кај Спортскиот центар „Борис Трајковски”, која изминатава недела гореше во два наврати. Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев информираше дека утринава се обратил и до СВР Скопје, од каде побарал зголемени полициски патроли на овој предел и за дежурства во текот […]

Изгаснат пожарот на новата дива депонија зад спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје

септември 14, 2020

Пожарот што утрово изби зад спортската сала „Борис Трајковски“ во близина на кејот на Вардар, е изгаснат. Градоначалникот на Општината Карпош Стефан Богоев вели дека бил запален различен отпад на нова дива депонија, која е направена на истото место каде што Градот Скопје и Општината неколкупати чистеа во изминатиот период. Во моментов на терен се […]

Висок раст на цените на становите во Охрид, Битола и Гази Баба (инфографик)

јануари 16, 2020

Гази Баба, Охрид и Битола се рекордери по пораст на просечната цена на станбениот квадрат за период од една година, покажа анализата на Мета.мк на податоците од регистрите на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижнини за перидот јули-септември 2018 и 2019 година. Ви овие три града, цената на метар квадратен во периодот […]

Обвинение за Стевчо Јакимовски и уште 10 лица за малверзации со легализации и приватизации

октомври 31, 2019

Обвинителен акт за 11 лица, меѓу кои предничи поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, поднел обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) во Основен кривичен суд Скопје. Како што соопшти обвинителството, кое не именуваше за кој градоначалник станува збор, но сепак од изнесените факти се гледа дека е […]

Големо аерозагадување во Карпош во ноќните часови покажаа државните мерни станици

септември 3, 2019

Големи скокови на аерозагадување со ПМ 10 и ПМ 2,5 честички од над 140 микрограми на кубен метар покажаа податоците кои денес ги објави на официјалниот сајт на Министерството за животна средина од мерната станица Карпош. Изминативе три дена, поради, како што информираа од МЖСПП, проблеми со серверскиот систем, Државниот мониторинг систем за квалитет на […]

СДСМ Карпош го осуди инцидентот пред штабот на ГРОМ

октомври 16, 2017

Општинската организација на СДСМ од Карпош преку соопштение го осуди насилството и синоќешниот инцидент што се случи пред штабот на политичката партија ГРОМ, каде едно лице излезе од автомобил, извади лисици и нож и им се закануваше на присутните. „Очекуваме надлежните институции во најкус рок да го расчистат случајот докрај и сите виновници да бидат […]

Богоев му го честиташе поразот на Јакимовски и најави ревизија на финансиското работење

октомври 15, 2017

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Карпош, Стефан Богоев, вечерва изјави дека со задоволство му го честита поразот на неговиот противкандидат Стевчо Јакимовски, најавувајќи ревизија на финасиското работење на Општината. – Карпошани уште еднаш докажаа дека се авангардата во Скопје и во Македонија. Докажаа дека знаат достоинствено, чесно и културно да го поминат изборниот […]

Центар, Гази Баба и Карпош би можеле да добијат градоначалник во првиот круг

октомври 9, 2017

Три скопски општини би можеле да добијат градоначалник уште во првиот круг на гласање, покажа анкетата што ја спроведе „М-проспект“ на барање на „Телма“ и на МЦМС, на примерок од 1.560 испитаници. Општините Центар, Гази Баба и Карпош по гласањето на 15 октомври би можеле да добијат градоначалник. Според анкетата, кандидатот на СДСМ за Центар, Саша […]

ВМРО-ДПМНЕ во Карпош го поддржува Стевчо Јакимовски, во Кратово – Мите Андоновски

септември 15, 2017

ВМРО-ДПМНЕ попладнево го објави комплетниот список на сите кандидати за градоначалници со кои ќе настапи на локалните избори. Кандидатите, инаку, беа соопштувани во изминатите денови на повеќе прес-конференции. Во четири општини партијата ќе поддржи други кандидати и го повика членството да гласа за нив. Така, во Карпош партијата ќе го поддржи актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски, […]

Страна 1 од 2