недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ГУП | 23 резултати

Уставен суд ја отфрли иницијативата за „Треска“, од „Шанса за Центар“ предупредуваат за преизграденост

октомври 4, 2023

Откако вчера Уставниот суд ја отфрли иницијативата на адвокатката Сузана Јошевска и Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ да се оцени уставноста на одлуката со која е изменет ДУП Буњаковец 2, од „Шанса за Центар“ на нивната Фејсбук страница реагираат дека тоа е пат кон огромна пренатрупаност на згради и население на просторот на поранешната фабрика […]

Шанса за Центар и општина Центар во костец за земјиштето кај фабриката Треска

април 19, 2023

Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ денеска укажаа дека градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски ги крши одлуките и прописите и работи спротивно од сопствените предизборни ветувања во однос на комплексот Треска во центарот на Скопје. Од општината реагираа дека станува збор за лаги и манипулации. Од „Шанса за Центар“ изјавија дека не добиле информација на […]

Културно ехо Скопје во среда организира едукативен настан за ГУП во „Јадро“

октомври 10, 2022

Меѓународното Здружение на граѓани Културно Ехо Скопје, ќе реализира културно-едукативен настан во културно-социјалниот центар Јадро во среда во 20 часот, информираат оттаму. Тема на проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ е новиот генералeн урбанистички план за Скопје (ГУП за период од 2023 до 2032 година) кој е најважниот документ за планирањето на иднината на градот. Проектот […]

Јана Белчева – Андреевска ќе ја предводи независната листа на советници во Центар

август 15, 2021

Јана Белчева-Андреевска, актуелен член на Советот на општина Центар ќе ја предводи листата на независната граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ на локалните избори во октомври. Таа денеска заедно со кандидатите за советници проф. д-р Дивна Пенчиќ и Јане Димески ја претставија својата платформа, за која од утре ќе собираат потписи. „Во 2017 ни ветија работа […]

За локацијата спроти „Холидеј Ин“, Асоцијација на архитекти бара да се почитува ГУП-от и јавниот интерес

април 20, 2021

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и Академијата на архитекти како дел од Асоцијацијата, се произнесоа во врска со парцелите спроти хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на Скопје, на кој треба да се градат висококатници. Тие укажуваат дека просторот е необновлив ресурс и треба со него да се ракува внимателно и со почит. „ААМ е […]

Георгиевски: Во Гази Баба површините за загадувачка индустрија не се зголемени, туку намалени

април 15, 2021

Општина Гази Баба носи Детални урбанистички планови (ДУП-ови) согласно Генералниот урбанистички план (ГУП) и согласно законите и површините наменети за загадувачка индустрија, наспроти шпекулациите, не се зголемени, туку се намалени, порача градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски на денешната прес-конференција. „Не, сосема спротивно. ДУП-от предвидува намалување на Г1 индустријата за 30 проценти, или, ако сакате, […]

Во ДУП-от спроти Холидеј Ин на три парцели е дозволена изградба на 60-катници

април 15, 2021

Инвеститорот МГ Фешн на вчерашната презентација на станбено-деловниот комплекс „Гранд Скопје“ информираше дека на парцелата 1.1 на паркингот спроти Холидеј Ин ќе градат три висококатници од 16, 20 и 22 ката, иако ДУП-от Голем Ринг јужен дел-исток им овозможува да изградат кула висока и до 60 ката. Актуелниот ДУП за оваа локација, која што опфаќа […]

Прво нов ГУП, потоа изведба на Park & Ride терминали за решавање на паркирањето во Скопје

февруари 7, 2021

Изградбата на патничките транспортни терминали во Скопје ќе ја чека изработката на новиот Генерален урбанистички план за периодот 2022-2032 година. Популарните Park & Ride терминали во македонскиот главен град се ветија пред една деценија, но до денешен ден не се изградија на влезовите во Скопје, каде би можело да се паркира возилото и од таа […]

Почна процесот за подготовка на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје

септември 21, 2020

Со потпишувањето на денешниот договор помеѓу Град Скопје, Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за просторно планирање и официјално почнува процесот за подготвување на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје, информираат од градските власти. – Бидејќи станува збор за еден сложен и сеопфатен процес новиот ГУП на Град Скопје 2022-2032 ќе биде изработен […]

Доцни изработката на урбанистичките планови за руралните општини од југозападот

октомври 29, 2019

Без урбанистичко планирање ќе нема планирање на економски развој на руралните општини. Користењето на средства од ИПАРД програмите или каква било друга инвестиција без урбанистички планови (УП) е невозможно, информираат градоначалниците на општините Вевчани и Дебрца. Изработката на урбанистичките планови во руралните населени места од југозападниот дел на земјава најчесто е заглавена во бирократските лавиринти. […]

Со новиот ГУП за Скопје до 2032 година ќе се развива северниот дел на градот

октомври 4, 2019

Акцент при изработката на новиот Генерален урбанистички план (ГУП) на град Скопје за периодот 2022 – 2032 година ќе биде ставен на развојот на северните делови на градот. Ваквата најава ја даде скопскиот градоначалник Петре Шилегов во пресрет на отпочнувањето на процесот на подготовка на новиот ГУП. На денешната средба со министерот за транспорт и […]

Новиот закон за урбанизам нема да ги излечи лошите навики во градењето

март 28, 2019

И со новиот Закон за урбанистичко планирање, кој веќе е влезен во собраниска процедура за негово изгласување, нема да се променат лошите навики за градење. Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), Мартин Пановски за „Мета“ вели дека постојат големи недоречености во предложениот закон, кој владата веќе го усвои и го испрати до Собранието. […]

„О2“: Новиот закон за просторно планирање скроен по мерка на бизнисот, а не на граѓаните

јануари 17, 2019

Новиот Предлог-Закон за просторно и урбанистичко планирање не нуди решенија за постојниот урбанистички хаос, туку токму спротивното, сметаат од Иницијативата „О2“. „Во ситуација кога Уставниот суд го укина членот 50 од сегашниот закон за просторно и урбанистичко планирање со кој се утврдуваше кои се градбите од државен интерес и како ќе се градат, подалеку од […]

Ревизори: Како се продавало и отуѓувало државното градежно земјиште

јануари 7, 2019

Стотици илјади евра отштета треба да платат општини поради еднострано раскинување на договори за купопродажба на градежно земјиште, продажба на парцели во изборна капмања, тужби, често менување на ДУП, ова се дел од наодите во ревизорскиот извештај со наслов „Ефективност на политиките и мерките при управување со градежно земјиште“ со цел да се даде одговор […]

ДУИ: Таравари и негов роднина градат куќа на простор предвиден за спортски терен

август 10, 2018

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој од една страна симулира акции за рушење на дивоизградени објекти, додека во реалноста го стимулира урбанистичкиот криминал и градбата на бесправни објекти, и тој и негов роднина на место предвидено за спортски терен градат куќа кршејќи ги прописите, обвини ДУИ. Како што рече Башким Хасани, потпретседател на огранокот на […]

Богоев ветува ревидирање на урбанистички планови во Карпош

септември 10, 2017

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија, Стефан Богоев, денеска вети дека ќе се ревидираат сите урбанистички планови во општина Карпош. Тој не кажа дека ќе се прави ревизија на досегашнтие. – Вчера со граѓаните на Карпош 3 и Карпош 4 се договоривме веднаш по преземањето на локалната власт во Општина Карпош, целосно и темелно да […]

Осумте чекори на Груевски до плацот на Водно

март 24, 2015

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вчерашната прес-конференција објави нови прислушувани разговори, со кои, како што рече, се открива вистинското лице на премиерот Никола Груевски. Според Заев, Груевски договарал купување на плац на Водно, а тоа се потврдувало со најновите разговори меѓу него и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Прв чекор, 21 март 2013 година: Проблемите […]

Трајановски: ГУП на Град Скопје е донесен транспарентно

март 17, 2015

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски вели дека сè што било донесено во Советот на Град Скопје било транспарентно, а во тоа учество имала и јавноста. – Прво би сакал да кажам дека се неточни искажувањата кои се дадени. Градот на еден крајно транспарентен начин го донесе Генералниот урбанистички план. Претходниот беше донесен во 2002 година, […]

Се бара статус на строго заштитена зона за Студенчишко блато

март 17, 2015

Охриѓани, особено еколозите, покажаа голем интерес за измените на Генералниот урбанистички план за градот Охрид, што го изработува проектантската куќа „Полог проект“ од Гостивар. Тие побараа одговори од надлежните во Општината и од изработувачот, да кажат дали постои Студенчишкото блато, кои се неговите граници и дали при подготвувањето на документацијата за овој дел се почитувани […]

Страна 1 од 1