Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија, Стефан Богоев, денеска вети дека ќе се ревидираат сите урбанистички планови во општина Карпош. Тој не кажа дека ќе се прави ревизија на досегашнтие.
– Вчера со граѓаните на Карпош 3 и Карпош 4 се договоривме веднаш по преземањето на локалната власт во Општина Карпош, целосно и темелно да го ревидираме носењето на детални урбанистички планови за овие делови на општината. На граѓаните на Карпош им е доста од ставањето личните и бизнис-интереси на Стевчо Јакимовски и на ВМРО-ДПМНЕ, пред интересите на граѓаните – рече Богоев.
Кандидатот на владејачката партија за нов градоначалник на Карпош вети дека „сите измени во иднина на урбанистичките планови ќе се прават во договор со граѓаните и ќе се прават на чесен, транспарентен и отчетен начин заради заштита на зеленилото, чистиот воздух во општината и обезбедување на чист, модерен и зелен Карпош“.