fbpx

Јана Белчева – Андреевска ќе ја предводи независната листа на советници во Центар

-

Јана Белчева-Андреевска, актуелен член на Советот на општина Центар ќе ја предводи листата на независната граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ на локалните избори во октомври. Таа денеска заедно со кандидатите за советници проф. д-р Дивна Пенчиќ и Јане Димески ја претставија својата платформа, за која од утре ќе собираат потписи.

„Во 2017 ни ветија работа на средување на урбаниот хаос и промена на незаконските детални урбанистички планови од 2012. Четири години подоцна, истите планови се на сила, а ветувањето што го даваа кога требаше да ги добијат гласовите на жителите на Центар, остана само ветување“, велат од „Шанса за Центар“.

Иницијативата „Шанса за Центар“ порачува дека на следните локални избори граѓаните ќе може да ги земат работите во свои раце и да ги надминат опасностите од партиските политики.

„Ќе инсистираме идните планови да не се изработуваат зад затворени врати и во интерес на само малкумина. Плановите мора да бидат резултат на анализи, по мерка на жителите и со приоритет на заедничкиот пред личниот интерес. Тие мора да се спроведуваат правично и законски, еднакво за сите, без ‘попусти’ за никого. Пристапот кон информации за секој план и секоја дозвола не смее да биде загрозен. Преку Советот на Општината имаме шанса да влијаеме за одржливо решение за финансирање на нашата општина, различно од сегашното каде главен извор на пари се приходите од градењето на згради или продажба на земјиште за градење.“, велат од „Шанса за Центар“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...