fbpx

Со новиот ГУП за Скопје до 2032 година ќе се развива северниот дел на градот

-

Акцент при изработката на новиот Генерален урбанистички план (ГУП) на град Скопје за периодот 2022 – 2032 година ќе биде ставен на развојот на северните делови на градот. Ваквата најава ја даде скопскиот градоначалник Петре Шилегов во пресрет на отпочнувањето на процесот на подготовка на новиот ГУП.

На денешната средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, Шилегов посочи дека ова министерство може да се вклучи и да ја поддржи неговата изработка.

Претходниот ГУП на град Скопје е усвоен во 2012 година и од тогаш до денес биле извршени многу парцијални измени во просторот.

Шилегов изрази уверување дека Скопје ќе се развива и шири на начин што ќе се релаксира притисокот од претераната урбанизација на јужниот дел од градот, на сметка на рационалното користење на неискористените слободни површини во северниот дел на Скопје.

– Во текот на изработката на новиот ГУП верувам дека ќе бидат разгледани можностите за отстранување на некои недостатоци од постојната планска документација. За пример ја земам таканаречената јужна обиколница која според моето мислење, но и според мислењето на стручната јавност, е спротивна на принципите за заштита на животната средина имајќи предвид дека за нејзиното пробивање е потребно да се уништи добар дел од Водно – рече Шилегов.

Важноста на постојниот ГУП истекува во 2022 година, што според градските власти значи дека има доволно време да се вклучат сите засегнати страни во изработката на новиот ГУП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...