Заев: Меѓународната заедница ќе каже кој ги кочи преговорите

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се вистинити обвиненијата на ВМРО-ДПМНЕ дека опозицијата ги блокира преговорите за да продолжи со објавување на „бомбите“, одговори дека ако СДСМ сакал да продолжи со „бомбите“, воопшто немало да седнe на преговарачка маса со ВМРО-ДПМНЕ.

– Не би сакал да навлегувам во детали за тоа кој е виновен. На крај, меѓународната заедница ќе кажe дали и кој го блокира процесот. Ние, односно јас, барам максимално сите да се вложат во преговорите затоа што досега требаше да имаме изборна регулатива и избирачки список. Не треба да дозволиме во последен час да се носат сите одлуки. Не е принципиелно и не е транспарентно кон граѓаните – изјави Заев.

На прашање дали опозицијата е непопустлива за своите ставови, Заев рече дека СДСМ е рационална и дека секој договор мора да се постигне на половина пат, но како што вели, црвените линии биле поставени. Тој додаде дека ако треба и тој и Груевски ќе седнат на маса, само за да се постигне договор. На прашањето зошто доцни анкетната комисија во Собранието, во која исто така требаше да се разговара за преслушуваните разговори, Заев рече дека сè е кажано со Договорот од Пржино.

– Не може името на функцијата да биде проблем и причина за одолжување на преговорите. Според мене, тоа не е причина за да се кочи процесот. Името на комисијата и со што таа ќе се занимава е пропишано со договорот што го потпишаа сите партии – рече Заев.

За имињата на потенцијалните министри кои треба да ги назначи СДСМ, иако веќе циркулираат во јавноста, Заев вели дека првпат ги слуша.

– Зарем не би требало јас, како прв човек на опозицијата, да ги знам имињата на новите министри, а јас овие имиња за кои се шпекулира во медиумите, првпат ги слушам. Ние во преодна влада не влегуваме за да владееме заедно со ВМРО-ДПМНЕ, туку за да бидеме гарант за фер и демократски избори – рече лидерот на опозицијата.

За барањето на ДУИ да се отвори Рамковниот договор на работните групи, Заев рече дека тоа е непринципиелна постапка.

– ДУИ, која е речиси осум години на власт, сега го става Рамковниот договор на маса, а досега се грижеше само за рамковни вработувања. Тоа е непринципиелно. Но, ние стоиме на располагање кога е во прашање доброто на граѓаните – рече Заев.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...