fbpx

Дваесет години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров

-

Пред дваесет години на денешен ден, 3 октомври 1995 година, беше извршен атентат на претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. Извршителите на обидот за убиство на престедателот сè уште се непознати.

Нападот врз Глигоров беше извршен со автомобил-бомба, во 9 часот и 50 минути на улицата Македонија, пред хотелот „Бристол“. Претседателот Глигоров во тој момент со службено возило се движел од неговата резиденција кон неговиот работен кабинет во Собранието на Република Македонија.

Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на нападот загина возачот Александар Спировски, а повреден беше телохранителот на претседателот, Илчо Теовски. Пензионерот Ристо Хаџиманов, кој бил случаен минувач покрај местото на настанот, подоцна им подлгна на повредите.

Киро Глигоров почина на први јануари 2012 година, на 94 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...