fbpx

Верушевски ќе добие 42.000 евра од државата за деновите минати во притвор

Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски ќе добие отштета во висина од 42.000 евра од државата поради неосновано апсење и држење во притвор 344 дена во рамките на случајот „Пуч“ и за неовластено поседување оружје. Во донесената пресуда од Основниот суд Скопје 2 се нагласува дека...

Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува за половина денар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина до еден денар, а дизел-горивата поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ се зголемува за половина денар и ќе изнесува 67,5 денари, додека...

Аплицирајте на младинскиот предизвик „Generation Unlimited 2019/20“

УНИЦЕФ и Фондацијата „Телеком за Македонија“ ги повикуваат сите млади од 14 до 24 години да се приклучат на отворениот повик за креирање дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост. Националниот повик е дел од младинскиот предизвик „Generation Unlimited 2019/20“ што се...

Анализите за Попова Шапка заглавиле во преносот од една до друга институција

Од ЕЛЕМ известуваат дека тие, во четвртокот ја доставиле длабинската (due diligence) анализа и физибилити студијата за Попова Шапка во Влада. Владата од друга страна потврди дека анализите сè уште не стигнале во архива. Тие известуваат дека првично според нормалната постапка, анализите треба да...

Општина Дебрца доби туристичка инфраструктура и промотивни материјали за Белчишкото блато

Општина Дебрца и Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ Охрид, потпишаа договорот за донација, со кој на општина Дебрца на трајно владение и се предадени туристичка инфраструктура и промотивни материјали за Белчишкото блато „Сини Вирој”. Целта на донацијата е остварување, унапредување, промоција и поддршка...

Обновен е споменикот посветен на масакрот кај Дабница во 1941

Во чест на 3 Ноември, денот на конечното ослободување на Прилеп, во месноста Дабница каде што на 19 септември 1942 година е извршен масакрот на 19 жители на селото, е откриена реплика на поранешниот споменик што беше вандалски уништен од сѐ уште непознати сторители....

Облачно време со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни, локално над 20 литри на метар квадратен. Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринската температура...

Спасовски: МВР заедно со инспекторите на терен ќе ги гони загадувачите

Полицијата заедно со инспекторите, најавија дека на терен ќе ги ловат загадувачите. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по координативниот состанок во владата со премиерот Зоран Заев, на кој покрај него присуствуваа и министерот за животна средина Насер Нуредини, министерот за...

Објавен повикот за субвенции за вградување плин во возилата

Министерството за економија денеска го објави повикот за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на плински уреди, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата. Граѓаните ќе можат да аплицираат за субвенции до 50 отсто од трошоците, но не повеќе од 18.000 денари...

Катица Јанева побарала апанажа

Поранешната специјална обвинителка и обвинета во случајот „Рекет“, Катица Јанева, до собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата испратила барање за апанажа, рече на почетокот на денешната седница претседателот на комисијата Илија Димовски. Нејзиното барање ќе биде разгледано на следната седница на комисијата. - Првиот...

Ноември дојде, хартиен билет за едно возење во скопскиот јавен превоз нема

И покрај тоа што градските власти ветија дека од 1 ноември ќе стартува користењето на хартиениот билет за едно возење, на оваа поволност граѓаните ќе мора да почекаат уште малку. Реализацијата на тендерот за хартиените билети, заедно со новата мобилна апликација за јавниот превоз...

ЗНМ: Да се расчистат нападите врз новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска во Скопје организираше одбележување на Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, се обрати и до граѓаните, но и до политичките партии и институциите на државата и правосудството. - Првата...

Нова опрема за атомска, биолошка и хемиска одбрана за АРМ од САД

Европската команда на вооружените сили на Соединетите Американски Држави во рамките на програмата Три-три-три донирааа нова опрема за атомска, биолошка и хемиска одбрана за потребите на македонската армија. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Ѓорче Петров“ изврши увид во туку што пристигнатата...

Заев: Не смееме да дозволиме да немаме Парламент за ратификација на Протоколот за НАТО

Премиерот Зоран Заев смета дека 12 април како датум за одржување на предвремените парламентарни избори треба да се задржи, но се остава можност за какви било промени, пред се заради ратификацијата на Протоколот за прием на државата во НАТО. – Сите 29 земји членки го...

Отворено третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје

Со панел дискусија посветена на борбата за опстанок и интегритет на новинарството во светот на социјалните медиуми, синоќа во Кино Култура беше отворено третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал - Скопје. Ана Јакимовска, докторка на науки од областа на вештачката интелигенција, го сподели своето искуство...

Ципрас: Мицотакис ќе го моли Мицкоски да не го отфрла договорот за името

Поранешниот премиер на Грција, а сега лидер на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас, за време на расправата за новиот закон за азил во грчкиот Парламент, говорејќи за националните прашања, се осврна и на Договорот од Преспа, велејќи дека тие се горди на решението меѓу двете...

Првата посета на претседателот на ЕП, Давид Сасоли, надвор од ЕУ ќе биде на Македонија

На неговата прва официјална посета надвор од Европската унија, претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли ќе го посети Скопје во понеделник и вторник, 4 и 5 ноември 2019. „Сасоли ќе се сретне со премиерот Заев и претседателот Пендаровски, ќе одржи средби и со лидерите на...

Вработување во јавниот сектор: Колку понепрецизни норми, толку поголем простор за самоволие

Постои сериозна неконзистентност во легислативата за вработување во јавниот сектор, што остава голем простор за дискрециско одлучување, предупредуваат невладината „Транспаренси интернешнл - Македонија“ и Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), кои спроведуваат проект за проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за...

Изменет сообраќаен режим поради верскиот празник Задушница

МВР информира дека поради верскиот празник Задушница денеска од 14 часот и на 2 ноември (сабота), во периодот од 06 до 16 часот на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната...

Судски совет: Нема законски услови за избор на нов претседател на Врховниот суд

Судскиот совет на Северна Македонија, речиси два месеци по разрешувањето на Јово Вангеловски, сè уште не објавил конкурс за нов претседател на Врховниот суд, пренесува „Порталб.мк“. Од 10 септември, функцијата в.д. претседател на највисокиот суд во земјата, и понатаму ја врши Фаик Арслани. Судскиот совет...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...