fbpx

Анализите за Попова Шапка заглавиле во преносот од една до друга институција

-

Од ЕЛЕМ известуваат дека тие, во четвртокот ја доставиле длабинската (due diligence) анализа и физибилити студијата за Попова Шапка во Влада. Владата од друга страна потврди дека анализите сè уште не стигнале во архива. Тие известуваат дека првично според нормалната постапка, анализите треба да бидат примени во архива, потоа одат во соодветната комисија, за конечно да пристигнат на седница, пишува „Порталб.мк“.

Анализата „due diligence” опфаќа длабинска анализа на финансиската, законската и даночната состојба на филијалата „Попова Шапка“ – Тетово за претходните три години (2016 – 2018) и хотелите „Славија” и „Попова Шапка”. А физибилити студијата е за концесија и јавно-приватно партнерство на филијалата „Попова Шапка“-Тетово. Врз основа на физибилити студијата ќе се донесе одлука и дали Попова Шапка ќе биде доделена под концесија или на јавно-приватно партнерство.

„Тие поминаа во Управниот одбор, информацијата е примена. Во среда наутро се одржа седница на Управниот одбор, а во четврток треба да пристигнале. Освен што ги доставивме во Влада ние имаме копија и за нас. Самиот Управен одбор на ЕСМ ќе ги разгледа и ќе достави мислење до Влада тогаш кога ќе се дискутира за ова“, велат од ЕЛЕМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...