fbpx

Првата посета на претседателот на ЕП, Давид Сасоли, надвор од ЕУ ќе биде на Македонија

-

На неговата прва официјална посета надвор од Европската унија, претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли ќе го посети Скопје во понеделник и вторник, 4 и 5 ноември 2019.

„Сасоли ќе се сретне со премиерот Заев и претседателот Пендаровски, ќе одржи средби и со лидерите на парламентарните политички партии, претседателот Џафери и ќе се обрати во Парламентот. На почетокот на посетата, претседателот Сасоли ќе ја отвори „Јуроп хаус“ (Europe House) во просториите на Делегацијата на Европската Унија и ќе се придружи на дебатата со амбасадорот Жбогар и ученици од средни училишта на тема „Визијата на младите за ЕУ““, се вели во соопштението на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Откако беше реновиран, поранешниот ЕУ Инфо Центар прерасна во „Јуроп Хаус“ што ќе функционира како центар за млади и ќе нуди содржини кои се современи, привлечни и иновативни за младите.

„Јуроп хаус“ ќе функционира како платформа која ќе биде отворена за сите млади од сите сфери на животот за да ги поврзува со други лица и можности и да разменат идеи за да развијат потенцијал. На дебатата со претседателот Сасоли ќе учествуваат ученици од Берово, Центар Жупа, Демир Хисар, Кавадарци, Кочани, Скопје, Струга, Струмица, Тетово, Валандово и Виница“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...